Режим на аудио

Вклучување/исклучување

За вклучување на радиото притиснете го копчето за вклучување/исклучување (2). Екранот се активира (1) и се репродуцира аудио изворот поставен при последното исклучување на радиото.

Екранот (1) се осветлува за неколку секунди при секое притискање на копчето.

За исклучување на радиото повторно притиснете го копчето за вклучување/исклучување (2). Актуелната поставка на аудио изворот се зачувува.

Подесување на гласноста

По вклучувањето на радиото секогаш се поставува ниска гласност.

За да ја зголемите гласноста свртете го копчето за вклучување/исклучување (2) во правец на стрелките од часовникот, а за намалување на гласноста свртете го во правец спротивен на стрелките од часовникот.

Подесувањето на гласноста <VL> одн. <Volume> на екранот се појавува со вредноста помеѓу 0 и 30 за неколку секунди. Пред подесувањето или менувањето на радиостаницата поставете ја гласноста на пониска вредност, а пред стартот на надворешен аудио извор поставете ја на средна вредност.

За исклучување на тонот можете кратко да го притиснете копчето за исклучување на звукот (8). За повторно да го вклучите тонот или повторно кратко притиснете го копчето за исклучување на звукот или свртете го копчето за вклучување/исклучување (2) во правецот на стрелките од часовникот.

Гласноста може да се промени во секое време. Ако е активирана функцијата на менито, приказот се враќа на менито неколку секунди по промената на гласноста.

Радиото автоматски се исклучува по 19 min кога е во ова време:

  • јачината на звукот на радиото е поставена на 0,
  • звукот на радиото е исклучен или
  • јачината на звукот на уредот за репродукција (на пр. паметен телефон) е поставена на 0.

Бирање на аудио извор

За да изберете аудио извор притискајте го копчето Source (7) додека на екранот не се прикаже саканиот внатрешен одн. надворешен аудио извор:

  • DAB/DAB2: дигитално радио преку DAB+ (GPB 18V‑2 SC),
  • FM/FM2: аналогно радио преку FM,
  • AUX: надворешен аудио извор (на пр. паметен телефон) преку 3,5 mm конектор AUX IN (24) во преградата за приклучок (15),
  • : надворешен аудио извор (на пр. паметен телефон) со врска преку Bluetooth®.

Актуелниот аудио извор може да се види во приказот аудио извор (b) одн. приказот Bluetooth® (a).

Аудио изворите DAB и DAB2 (GPB 18V‑2 SC) како и FM и FM2 не се разликуваат по својата функционалност, тие само нудат дополнителни места за зачувување на програма.

Поставување/зачувување на DAB+-радио станица  (GPB 18V‑2 SC)

За избор на аудио извор DAB+-радио станица притискајте го копчето Source (7) додека во приказот аудио извор (b) не се појави DAB или DAB2.

По кратка иницијализација, се репродуцира последната поставена радио станица.

Името на станицата се појавува во горниот дел од мултифункционалниот приказ (k). Кои дополнителни информации ќе се прикажуваат во долниот дел од мултифункционалниот приказ, може да се постави во функцијата на менито.

  • За Промена на станицата вртете го копчето Source (7) додека саканата станица не се прикаже на екранот. Притиснете го копчето Source (7) за да го потврдите изборот. Радиото менува до избраната станица.
    Алтернативно за промена на станицата можете да го притиснете копчето за пребарување наназад (10) или копчето за пребарување нанапред (9). Радиото менува на следната достапна станица (по азбучен ред со намалување одн. зголемување).
  • За зачувување на подесена станица притиснете го копчето за зачувување на програма (5) на саканото место на зачувување додека не се појави бројот на местото на зачувување во приказот место на зачувување (c).
    Ако 4 места на зачувување на аудио извор DAB се зафатени, тогаш променете со притискање на копчето Source (7) на аудио извор DAB2, во следните достапни 4 места на зачувување. Имајте предвид дека по промената, ќе мора повторно да ја поставите посакуваната станица за да може да ја зачувате.
  • За Репродукција на зачувана станица кратко притиснете на едно од копчињата за зачувување на програма (5). Бројот на местото на зачувување се појавува во приказот место на зачувување (c). По потреба, менувајте со притискање на копчето Source (7) помеѓу аудио изворите DAB и DAB2 за да може да пристапите до сите зачувани станици.

Напомена: при слаб радиосигнал се појавува <Weak Signal> во мултифункционалниот приказ (k). Во овој случај, можете рачно да го започнете пребарувањето на DAB+-станицата.
За таа цел, изберете или <Auto Scan> во менито или истовремено притиснете го копчето за пребарување наназад (10) и копчето за пребарување нанапред (9). По завршувањето на пребарувањето на станици, 4 станици се зачувуваат на местата на зачувување на програма од 1 до 4. Веќе зачуваните станици се презапишуваат.

Ако не може да се пронајде DAB+-радиостаница, се појавува <No DAB Station – Please Auto Scan> во мултифункционалниот приказ (k).

Поставување/зачувување на FM-радиостаница

За бирање на аудио изворот FM-радиостаница притискајте го копчето Source (7) додека во приказот аудио извор (b) не се појави FM или FM2.

GPB 18V‑2 C: фреквенцијата на актуелната станица што се репродуцира се појавува на приказот за радиофреквенција (d).

GPB 18V‑2 SC: Фреквенцијата на репродуцираната станица се појавува соодветно во горниот дел на мултифункционалниот приказ (k). Кои дополнителни информации ќе се прикажуваат во долниот дел од мултифункционалниот приказ, може да се постави во функцијата на менито.

При доволно јак прием на соодветен сигнал, радиото автоматски се префрла на стерео прием, на екранот се појавува приказот стерео прием (h). Во функцијата на менито видот на прием може да се смени на моно прием.

  • За Поставување на одредена станица вртете го копчето Source (7) (TUNE) додека не се прикаже саканата фреквенција одн. саканата станица на екранот.
  • За Пребарување на следната станица со повисока јачина на сигнал кратко притиснете го копчето за пребарување наназад (10) или копчето за пребарување нанапред (9). Следната пронајдена станица се прикажува на екранот и се репродуцира.
  • За Пребарување на сите станици со повисока јачина на сигнал притиснете го копчето за пребарување наназад (10) или копчето за пребарување нанапред (9) подолго од половина секунда. Секоја пронајдена станица се репродуцира за 5 s, потоа пребарувањето се продолжува до крајот на фреквенциски опсег. За да го прекинете пребарувањето на станици, кратко притиснете го копчето за пребарување наназад (10) или копчето за пребарување нанапред (9).
  • За зачувување на подесена станица притиснете го копчето за зачувување на програма (5) на саканото место на зачувување додека не се појави бројот на местото на зачувување во приказот место на зачувување (c).
    Ако 4 места на зачувување на аудио извор FM се зафатени, тогаш променете со притискање на копчето Source (7) на аудио извор FM2, во следните достапни 4 места на зачувување. Имајте предвид дека по промената, ќе мора повторно да ја поставите посакуваната станица за да може да ја зачувате.
  • За автоматско пребарување и зачувување на станицата со најсилен сигнал (AUTOSTORE) истовремено притиснете го копчето за пребарување наназад (10) и копчето за пребарување нанапред (9). Радиото ги проверува сите станици со прием и зачувува 4 станици со најдобар прием на местата на зачувување на програма од 1 до 4. Имајте предвид, дека веќе зачуваните станици се презапишуваат.
    Ако е завршено пребарувањето, се репродуцира зачуваната станица на местото на зачувување на програма 1.
  • За Репродукција на зачувана станица кратко притиснете на едно од копчињата за зачувување на програма (5). Бројот на местото на зачувување се појавува во приказот место на зачувување (c). По потреба, менувајте со притискање на копчето Source (7) помеѓу аудио изворите FM и FM2 за да може да пристапите до сите зачувани станици.

Подесување на стапчестата антена

Радиото се испорачува со монтирана стапчеста антена (6). За време на работењето на радиото преку FM свртете ја антената во правецот, којшто овозможува најдобар прием.

Доколку нема добар прием, поставете го радиото на место со подобар прием.

Напомена: При работење на радиото во непосредна близина на радио инсталации, радио уреди или други електронски уреди може да дојде до попречување на радио приемот.

Приклучување на надворешни аудио извори преку AUX

Отворете го заштитното капаче на преградата за приклучокот (15) и ставете го приклучокот од 3,5 mm на AUX кабелот (25) во AUX IN конекторот (24). Приклучете го AUX кабелот на аудио извор кој одговара.

За репродукција на AUX аудио изворот притискајте го копчето Source (7) додека во приказот аудио извор (b) не се појави AUX.

Заради заштита од нечистотии повторно затворете го заштитното капаче на преградата за приклучок (15) ако го отстранувате приклучокот на AUX кабелот.

Ако за време на работењето на AUX притиснете едно од копчињата за зачувување на програмата (5), тогаш радиото менува на станицата зачувана во последно користениот режим на работа на радиото.

Репродукција/управување на надворешни аудио извори преку Bluetooth®

За репродукција на аудио извор (на пр. паметен телефон) преку Bluetooth®, или притискајте го копчето Source (7) додека не се појави приказот Bluetooth® (a) на екранот или независно од актуелниот аудио извор кратко притиснете го копчето Bluetooth® (11).

За време на воспоставувањето врска одн. пребарувањето врска, трепка приказот Bluetooth® (a).

GPB 18V‑2 SC: на мултифункционалниот приказ (k) се појавува <Pairing>.

  • Ако радиото е веќе поврзано со надворешен аудио извор преку Bluetooth® и ако овој аудио извор е достапен, тогаш автоматски се воспоставува врска со овој аудио извор.
  • Ако нема достапен зачуван аудио извор, процесот на пребарување е започнат. Активирајте ја новата врска преку надворешен аудио извор. На паметните телефони тоа обично е можно во рамките на поставките во менито Bluetooth®. Радиото се појавува како достапен извор под името GPB 18V‑2 C xxxx одн. GPB 18V‑2 SC xxxx. Следете го упатството за користење на Вашиот аудио извор/Вашиот паметен телефон.
  • Доколку врската со аудио изворот преку Bluetooth® заврши и се бара нов аудио извор (PAIRING), држете притиснато на копчето Bluetooth® (11) подолго од 0,5 s. Активирајте ја врската како што е погоре опишано.

Доколку некој аудио извор е поврзан преку Bluetooth®, приказот Bluetooth® (a) свети постојано.

GPB 18V‑2 SC: Името на уредот поврзан преку Bluetooth® се прикажува во горниот дел од мултифункционалниот приказ (k). Во долниот дел се прикажува пренесениот текст од поврзаниот уред.

Доколку не може да се воспостави врска преку Bluetooth®, радиото автоматски се исклучува по 19 min.

Аудио изворот поврзан преку Bluetooth® може да се управува и преку радиото:

  • За да изберете наслов и да го стартувате, притискајте го кратко копчето за пребарување нанапред (9) одн. копчето за пребарување наназад (10) додека не стигнете до саканиот наслов. Репродукцијата на избраниот наслов автоматски стартува.
  • За да ја прекинете репродукцијата, притиснете го копчето за исклучување на звукот (8). На екранот се појавува приказот пауза (f).
  • За да продолжите со репродукцијата, повторно притиснете го копчето за исклучување на звукот (8), променете ја гласноста преку копчето за вклучување/исклучување (2) или притиснете го копчето за пребарување нанапред (9) одн. копчето за пребарување наназад (10).
  • За премотување напред одн. назад во рамки на еден наслов држете го притиснато копчето за пребарување нанапред (9) одн. копчето за пребарување наназад (10) додека не стигнете до саканото место во насловот.

Ако за време на работењето преку Bluetooth® се притисне едно од копчињата за зачувување на програмата (5), тогаш радиото менува на станицата зачувана во последно користениот режим на работа на радиото.

Репродукција со Dual Speaker Sound (кај аудио извор Bluetooth®)

Ако се репродуцира аудио извор преку Bluetooth® може да се активира функцијата Dual Speaker Sound (DSS). Притоа, 2 радија (или GPB 18V‑2 C или GPB 18V‑2 SC) служат како десен и лев звучник за иста репродукција.

Активирање на функцијата Dual Speaker Sound:

  • Едно од двете радија мора да биде веќе поврзано преку Bluetooth® со аудио изворот.
  • Бирање на радиото како десен звучник: изберете во менито <DSS> → <DSSR> (GPB 18V‑2 C) одн. <Set DSS> → <Right Speaker> (GPB 18V‑2 SC).
  • Бирање на радиото како лев звучник: изберете во менито <DSS> → <DSSL> (GPB 18V‑2 C) одн. <Set DSS> → <Left Speaker> (GPB 18V‑2 SC).
  • Исто така, вклучете го и на 2-то радио режимот на работа Bluetooth®.
  • На 2-то радио, изберете го другиот звучник во менито.
  • Управувајте со репродукцијата преку Bluetooth® како и обично.

Менување на поставките на менито

За да стигнете до функцијата на менито, притискајте го копчето за исклучување на звукот (8) (MENU) додека на екранот не се појави приказот функција на мени (e).

Навигирајте во менито:

  • Лизгајте преку менито: вртете го копчето Source (7).
  • Изберете и зачувајте ја поставката на менито: притиснете го копчето Source (7) (OK).
  • Сменете во подмени: притиснете го копчето Source (7).
  • Сменете од подменито назад кон повисоко мени: кратко притиснете го копчето за исклучување на звукот (8). Кога ќе се достигне горното ниво на менито, радиото се враќа во режимот на аудио.

За да излезете од функцијата на менито на кое било ниво и да се вратите на режимот на аудио, притискајте го копчето за исклучување на звукот (8) додека на екранот не се изгаси приказот функција на мени (e). Алтернативно, радиото автоматски менува на режимот на аудио 10 s по последното притискање на копчето.

Ако поставките на менито повеќе не се зачувуваат при исклучувањето на радиото, тогаш сменете ја копчестата батерија (батерија за резервно напојување).

Опции на менито (GPB 18V‑2 C)

Изборот на менито делумно зависи од режимот на работа на аудио, во кој е поставено радиото.

<EQ>
Мени звук: нивото на висина на звук <TR> и длабочина на звукот <BA> можете да ги поставите во опсег од −5 до +5. Поставките на звукот одделно се зачувуваат за секој аудио извор.

<TIME>
Мени време: можете да избирате помеѓу временските формати 12 часа <12HR> и 24 часа <24HR> и да го поставите времето рачно.

<MONO> (кај аудио извор FM/FM2)
Мени моно прием: моно приемот можете да го вклучите <ON> или исклучите <OFF>. Моно приемот се препорачува ако радиото често менува помеѓу стерео и моно прием при станица со слаб сигнал.

<DSS> (кај аудио извор Bluetooth®)
Мени Dual Speaker Sound: можете да го поставите радиото како десен звучник <DSSR>, како лев звучник <DSSL> или да ја исклучите функцијата <OFF>.

Опции на менито (GPB 18V‑2 SC)

Изборот на менито делумно зависи од режимот на работа на аудио, во кој е поставено радиото.

Во рамките на менијата, името на менито се прикажува во горната линија на мултифункционалниот приказ (k),а поставката што можете да ја изберете во долниот дел.

<Set EQ>
Мени звук: нивото на висина на звук <Treble> и длабочина на звукот <Bass> можете да ги поставите во опсег од −5 до +5. Поставките на звукот одделно се зачувуваат за секој аудио извор.

<Set Time>
Мени време:

  • Можете да избирате помеѓу временските формати 24 часа <24 Hour Mode> и 12 часа <12 Hour Mode>.
  • Времето можете рачно да го поставите со <Set Hour> одн. <Set Minute>.
  • Напомена: доколку кај аудио извори DAB/DAB2 се избере радио станица која го пренесува времето, тогаш автоматски се презема тоа време. Рачните поставки за времето ќе бидат презапишани.

<Reset All>
Мени ресетирање: можете да ги ресетирате сите поставки на менито на фабрички поставки <Yes> или да вратите на актуелните поставки <No>.

<Auto Scan> (кај аудио извор DAB/DAB2)
Мени автоматско пребарување на станица: можете да стартувате автоматско пребарување на станица.

<Manual Tune> (кај аудио извори DAB/DAB2)
Рачно поставување на менито: Може рачно да ја поставите саканата фреквенција.

<Display Type> (кај аудио извор DAB/DAB2)
Мени вид на приказ: може да изберете кој текст ќе се појави во долниот дел на мултифункционалниот приказ (k):

  • Информативен текст што го пренесува радиостаницата <Dynamic Label>,
  • Фреквенцијата на станицата <Frequency>,
  • Јачината на сигнал <Signal Strength>,
  • Тип на програма што го пренесува радиостаницата <Program Type>.

<Display Type> (кај аудио извор FM/FM2)
Мени вид на приказ: може да изберете кој текст ќе се појави во долниот дел на мултифункционалниот приказ (k):

  • Информативен текст што го пренесува радиостаницата <Radio Text>,
  • Името на станицата <Program Service>,
  • Тип на програма што го пренесува радиостаницата <Program Type>.

<Set FM Mono> (кај аудио извор FM/FM2)
Мени моно прием: моно приемот можете да го вклучите <On> или исклучите <Off>. Моно приемот се препорачува ако радиото често менува помеѓу стерео и моно прием при станица со слаб сигнал.

<Set DSS> (кај аудио извор Bluetooth®)
Мени Dual Speaker Sound: можете да го поставите радиото како десен звучник <Right Speaker>, како лев звучник <Left Speaker> или да ја исклучите функцијата <OFF>.