Подготовка на подлогата на делот за обработка
Долгите делови што се обработуваат мора да се потпрат на слободниот крај или да се прицврстат.
Поставување на висината на подлогата на делот за обработка (види слика I)
- Поставете го вашиот дел за обработка на масата за сечење на електричниот алат.
- Олабавете го копчето за фиксирање (10) и прилагодете ја висината на висината на подлогата (12)на тој начин што вашиот дел ќе налегне рамно.
- Повторно затегнете го копчето за фиксирање.
Продолжување на работната маса (види слика J)
Работната маса може да се продолжи на двете страни.
- Поставете го вашиот подолг дел за обработка на масата за сечење на електричниот алат.
- По потреба олабавете го соодветното копче за фиксирање (4) и повлечете го продолжетокот за маса (5) до саканото растојание.
- Повторно затегнете го копчето за фиксирање.
Сечење на делови со еднаква должина (види слика K)
За едноставно сечење на делови со еднаква должина може да го употребите граничникот за должина (11).
- Повлечете го граничникот за должина до крај нагоре и позиционирајте ја подлогата на делот за обработка на саканото растојание до листот за сечење на електричниот алат.

