Напојување со енергија на надворешни уреди
USB-приклучок
Со помош на USB-приклучокот може да се наполнат повеќето уреди, чиешто напојување со енергија е возможно преку USB (на пр. различни мобилни телефони). Максималната струја за полнење изнесува 1,2 A.
Отворете го заштитното капаче на преградата за приклучок (15). Поврзете го USB-приклучокот на надворешниот уред преку соодветен USB-кабел со USB-конектор за полнење (23) на радиото (USB charging).
При работење со батерија, надворешниот уред може да се полни само ако е вклучено радиото.
Заради заштита од нечистотии повторно затворете го заштитното капаче на преградата за приклучок (15) ако го отстранувате приклучокот на USB кабелот.