Работење со мрежен напојувач (види слика A)

  • Користете ги само приклучоците за мрежа коишто се наведени во техничките податоци. Само на тој начин ќе биде овозможена беспрекорна работа на радиото.
  • Внимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на мрежниот напојувач.

Отворете го заштитното капаче на преградата за приклучок (15). Ставете го приклучокот на уредот (21) на мрежниот напојувач во приклучниот конектор (22) (DC IN 18V). Приклучете го мрежниот напојувач на струјната мрежа.

Заради заштита од нечистотии повторно затворете го заштитното капаче на преградата за приклучок (15), ако го отстранувате приклучокот на уредот (21).