Напомени за работењето
- Електричниот алат со вграден Bluetooth® Low Energy Module е опремен со радио интерфејс. Треба да се внимава на локалните оперативни ограничувања, на пр. во авиони или болници.
- Во областите, во кои Bluetooth®-безжичната технологија не смее да се користи, морате да го исклучите Bluetooth® Low Energy Module преку апликацијата.
LED-работно светло
LED-работното светло (13) ја подобрува видливоста на непосредното работно место. Автоматски се вклучува со притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување (12).
Уред за закачување
Со прстенот за закачување (3) можете да го прицврстите електричниот алат на уред за закачување (на пр. на производствена линија).
- За таа цел, преклопете го прстенот за закачување (3) нагоре.
- Редовно контролирајте ја состојбата на прстенот за закачување и куките на уредот за закачување.
Тока на ремен
Со токата на ременот (7) може лесно да го закачите електричниот алат на вашиот ремен.