Подготовка на работната маса

Подготовка на сетовите за прифат (види слики C1C4)

  • За заклучување на сетовите за прифат (4) притиснете на копчињата (16) и отворете ја рачката (17).
  • Измерете го растојанието x меѓу отворите за монтажа на Вашиот електричен алат.
  • Позиционирајте ги сетовите за прифат (4) на средина на работната маса и на соодветното растојание x едни од други.
  • Повторно затворете ги рачките (17). Со тоа се фиксираат сетовите за прифат на работната маса.

Поставување на работна маса (види слика D)

  • Поставете го електричниот алат во транспортна позиција. Напомената за транспортна позиција ќе ја најдете во упатството за користење на соодветниот електричен алат.
  • Позиционирајте ги лизгачките навртки (18) во сетовите за прифат соодветно на отворите за монтажа на електричниот алат.
  • Со помош на испорачаниот клуч за втиснување (14) прицврстете ги сетот за прифат и електричниот алат со завртките со внатрешна шестаголна глава и подлошките од сетот за прицврстување (19).