Проверка на точноста и калибрирање на мерниот уред

Проверката на точноста и калибрацијата треба да ја вршат само добро обучени и квалификувани лица. Мора да биде позната регуларноста при вршење на проверка на точноста или калибрација на мерниот уред.

За да добивате постојани точни резултати, калибрирајте го најмалку 1× годишно или однесете го на проверка во службата за корисници на Bosch.

Најголемо влијание врши околната температура. Особено температурните разлики кои се движат од подот нагоре може да го пренасочат ласерскиот зрак.

Се препорачува мерниот уред да го користите на статив за да ги минимизирате термичките влијанија од топлината што се крева од подот. Доколку е возможно, поставувате го мерниот уред во средината на работната површина.

Освен надворешните влијанија, до отстапување може да доведат и влијанијата специфични за уредот (како на пр. падови или јаки удари). Затоа, пред секој почеток на работа проверете ја точноста на нивелирањето.

Ако мерниот уред го надмине максималното отстапување при проверка на точноста на нивелирањето, тогаш направете калибрација или однесете го на проверка во службата за корисници на Bosch.

За веродостоен и точен резултат се препорачува проверката на точноста на нивелирање да се изведе на слободна мерна линија од 30 m на цврста подлога пред ѕид. Спроведете целосна мерна постапка за двете оски.

  1. Монтирајте го мерниот уред во хоризонтална положба 30 m на растојание од ѕидот на статив или поставете го на цврста, рамна подлога.
  2. Вклучете го мерниот уред.
  1. По завршување на нивелирањето означете ја средината на ласерскиот зрак на ѕидот (точка Ⅰ).
  1. Свртете го мерниот уред за 180°, без да ја промените висината.
  2. Оставете го мерниот уред да се нивелира.
  3. Означете ја средината на ласерскиот зрак на ѕидот (точка Ⅱ).
  4. Внимавајте на тоа, точката Ⅱ да лежи вертикално над одн. под точката Ⅰ.
  5. Свртете го мерниот уред за 90° и повторете го процесот на мерење за другата оска.

На мерната линија од 30 m максималното дозволено отстапување изнесува ±1,5 mm. Разликата d меѓу точките Ⅰ и Ⅱ кај секоја од двете мерни постапки смее да изнесува најмногу 3 mm.

За проверка потребна е една слободна мерна линија на цврста подлога пред 10 m висок ѕид.

  1. Прицврстете еден висулец на ѕидот.
  2. Поставете го мерниот уред во вертикална положба на цврста рамна подлога.
  3. Вклучете го мерниот уред и оставете го да се нивелира.
  4. Израмнете го мерниот уред на тој начин што ласерскиот зрак ќе дојде точно во средина на горниот крај на висулецот.
  5. Разликата d помеѓу ласерскиот зрак и висулецот на долниот крај на висулецот го дава отстапувањето на мерниот уред од вертикалата.

При 10 m висока мерна линија, максималното дозволено отстапување изнесува ±1 mm. Според тоа, разликата d смее да изнесува најмногу 1 mm.

Следните интервенции може да се вршат само од страна на школуван и квалифициран персонал. Мора да биде позната регуларноста при вршење на проверка на точноста или калибрација на мерниот уред.

  • Извршете ја калибрацијата на мерниот уред прецизно или оставете го мерниот уред Bosch-на контрола во сервисната служба. Непрезицната калибрација води до погрешни резултати при мерењето.
  • Стартувајте ја калибрацијата доколку мора да се изврши калибрација на мерниот уред. Штом мерниот уред е во режим на калибрација, калибрацијата мора да се изврши до крај, за да не произлезат погрешни резултати од мерењето.
  • После секое калибрирање проверете ја точноста на нивелирањето. Доколку отстапувањето лежи надвор од максимално дозволените вредности, оставете го мерниот уред на контрола во сервисната служба Bosch-.

Калибрирање на X и Y‑оската

Калибрирањето на GRL 600 CHV е можно само со помош на ласерскиот приемник LR 60, калибрирањето на GRL 650 CHVG само со LR 65 G. Ласерскиот приемник мора да биде поврзан со мерниот уред преку Bluetooth®  види Воспоставете врска со далечински управувач/ласерски приемник.

Мерниот уред и ласерскиот приемник не смеат да се менуваат во позиција за време на калибрирањето (со исклучок на опишаните израмнувања одн. вртења). Затоа, поставете го мерниот уред на цврста, рамна површина и прицврстете го ласерскиот приемник.

Ако е можно, калибрирањето треба да се изврши преку Bosch Levelling Remote App. Со контролирањето преку апликацијата се отстранува можноста за грешки, бидејќи во спротивно, мерниот уред со невнимателно притискање на копчињата може да се промени во позиција.
При калибрирање без апликација мора да се притиснат соодветните копчиња на мерниот уред, далечинскиот управувач не може да се користи за време на калибрирањето.

Потребна е една слободна мерна линија од 30 m на цврста подлога. Доколку не е достапна таква мерна линија, калибрирањето може да се изврши и со помала точност на нивелирање на 15 m долга мерна линија.

Монтирање на мерен уред и ласерски приемник за калибрирањето:

  1. Монтирајте го мерниот уред во хоризонтална положба 30 m одн. 15 m на растојание од ласерскиот приемник на стативот (43) или поставете го на цврста, рамна подлога.
  2. Прицврстете го ласерскиот приемник во соодветна висина:
  • или на ѕид или на друга површина со магнети или кука за закачување на ласерски приемник,
  • или на стабилно прицврстена помошна алатка со држачот на ласерскиот приемник.

види Прицврстување со држачот

Израмнување на мерниот уред за калибрирање:

  1. Израмнете го мерниот уред, така што ќе се прикаже приказот на гравираната страна на X-оската на мерниот уред со "+"-страната на ласерскиот приемник. X‑оската мора да биде вертикално на ласерскиот приемник.

Стартување на калибрирањето:

Калибрација преку Bosch Levelling Remote App:

  1. Вклучете го мерниот уред.
  2. Стартувајте го калибрирањето во апликацијата.
  3. Следете ги упатствата во апликацијата подолу.

Калибрација без апликација:

  1. Вклучете го мерниот уред и ласерскиот приемник.
  2. Уверете се дека тие се поврзани преку Bluetooth®.
  3. Притиснете ги копчето  и копчето  на ласерскиот приемник истовремено за да започне калибрацијата.
  4. На екранот на ласерскиот приемник се појавува CAL.
  5. Доколку треба да го откажете калибрирањето, долго притиснете на копчето  на ласерскиот приемник.

Извршување на калибрирање без апликација:

  1. Во менито што се појавува на екранот на мерниот уред по стартувањето на калибрирањето, изберете го постоечкото растојание помеѓу мерниот уред и ласерскиот приемник.
  2. За да го направите ова, притиснете го копчето  одн. .
  3. Потврдете го вашиот избор со  со притискање на копчето .
  1. За да ја потврдите избраната мерна линија, вклучително и соодветната точност на нивелирање во следното мени (), притиснете го копчето .
  2. За да се вратите до изборот на мерната линија (), притиснете го копчето .
  1. Приспособете ја висината на ласерскиот приемник така што променливиот ласерски зрак (8) да се прикажува како центриран на ласерскиот приемник. види Прикази за правец
  2. Прицврстете го ласерскиот приемник на оваа висина.

Калибрирање на X-оската:

  1. Проверете дали мерниот уред и ласерскиот приемник се израмнети еден со друг, како што е прикажано на екранот( "+"-страната на X‑оската е израмнета со ласерскиот приемник).
  2. Стартувајте го калибрирањето на X‑оската со , со притискање на копчето .
  1. Ако се појави овој чекор на екранот, тогаш вртете го мерниот уред за 180°, така што "–"-страната на X‑оската ќе се израмни со ласерскиот приемник.
Внимавајте да не ги менувате висината и косината на мерниот уред со секое вртење.
  1. Потврдете го вртењето со , со притискање на копчето .
  2. Калибрирањето на X‑оската продолжува.

Ако калибрирањето на X‑оската е успешно завршено, на екранот на мерниот уред се појавува оваа ознака.

  1. Продолжете со калибрирањето со , со притискање на копчето .

Калибрирање на Y-оската:

  1. Завртете го мерниот уред за 90°, во правец на стрелката така што страната „+“ од Y‑оската да биде насочена кон ласерскиот приемник.
  2. Потврдете го вртењето со , со притискање на копчето .
  1. Ако се појави овој чекор на екранот, тогаш вртете го мерниот уред за 180°, така што "–"-страната на Y‑оската ќе биде израмнета со ласерскиот приемник.
  2. Потврдете го вртењето со , со притискање на копчето .
  3. Калибрирањето на Y‑оската продолжува.

Ако калибрирањето на Y‑оската е успешно завршено, на екранот на мерниот уред се појавува оваа ознака.

  1. Завршете го калибрирањето на Y‑оската со , со притискање на копчето .

Оваа ознака го потврдува успешното калибрирање на X и Y‑оската со точноста за нивелирање избрана на почетокот.

  1. Завршете го калибрирањето со , со притискање на копчето .

Ако калибрирањето е успешно завршено, мерниот уред автоматски се исклучува.

Калибрацијата не успеа:

Ако калибрирањето на X‑ одн. на Y‑оската е неуспешно, на екранот на мерниот уред се појавува соодветната порака за грешка. На екранот на ласерскиот приемник се прикажува ERR.

  1. Откажете го калибрирањето со , со притискање на копчето .
  2. Уверете се дека мерниот уред и ласерскиот приемник се правилно израмнети (видете го описот погоре).
  3. Ресетирајте го калибрирањето.

Ако калибрирањето е повторно неуспешно, тогаш оставете го мерниот уред на контрола во сервисната служба Bosch-.

Калибрирање на Z-оската

За калибрирањето потребна е една слободна мерна линија на цврста подлога пред 10 m висок ѕид.

  1. Прицврстете еден висулец на ѕидот.
  2. Ставете го мерниот уред на цврста, рамна подлога.
  3. Вклучете го мерниот уред и оставете го да се нивелира.
  4. Израмнете го мерниот уред, така што ласерскиот зрак ќе дојде вертикално на ѕидот и ќе го пресече висулецот.
  5. Исклучете го мерниот уред.
  6. Држете го копчето  притиснато и потоа кратко притиснете го копчето .
  7. Мерниот уред се вклучува.
  8. Оставете го мерниот уред да се нивелира.
  1. Израмнете го ласерскиот зрак, така што ќе оди што е можно попаралелно со висулецот.
  1. Накосете го ласерскиот зрак во правец ◀, со притискање на копчето . Накосете го ласерскиот зрак во правец ▶, со притискање на копчето .
  2. Ако не е можно да се израмни ласерскиот зрак паралелно со висулецот, тогаш израмнете го мерниот уред прецизно на ѕидот и повторно започнете го процесот на калибрирање.
  3. Ако ласерскиот зрак е паралелно израмнет, тогаш зачувајте го калибрирањето со , со притискање на копчето .

Оваа ознака го потврдува успешното калибрирање на Z‑оската. Истовремено трепка приказот за статус (12) 3× зелено.

  1. Завршете го калибрирањето со , со притискање на копчето .
  1. Ако калибрирањето е успешно завршено, мерниот уред автоматски се исклучува.

Ако калибрирањето на Z‑оската е неуспешно, се појавува оваа порака за грешка.

  1. Откажете го калибрирањето со , со притискање на копчето .
  2. Осигурајте се, дека референтната вертикала лежи во опсегот на вртење на ротационата глава и рестартирајте го калибрирањето.
Внимавајте на тоа, мерниот уред за време на калибрирањето да не се помести.

Ако калибрирањето е повторно неуспешно, тогаш оставете го мерниот уред на контрола во сервисната служба Bosch-.