Ставање во употреба на ротациониот ласер
- Одржувајте го работниот простор без пречки кои може да го рефлектираат или попречат ласерскиот зрак. На пр., покријте ги рефлектирачките или сјајните површини. Не мерете преку стаклени панели или слични материјали. Може да се добијат погрешни резултати од мерењето преку рефлектирачки или попречен ласерски зрак.
- За обележување користете ја секогаш средината на ласерската точка одн. ласерската линија. Големината на ласерската точка одн. ширината на ласерската линија се менува согласно растојанието.

Хоризонтална положба

Вертикална положба
- Поставете го мерниот уред на стабилна подлога во хоризонтална и вертикална положба, монтирајте го на стативот (43) или на ѕидниот држач (44) со единицата за израмнување.
- Проверете дали мерниот уред е во стабилна положба за да нема прекини во работата поради дополнително нивелирање. Поради големата точност на нивелирање, мерниот уред реагира многу осетливо на потреси и промени на положбата.
Главните функции на мерниот уред можe да се контролираат преку копчињата на мерниот уред или преку далечинскиот управувач (40). Дополнителни функции се достапни преку далечинскиот управувач (40), на ласерскиот приемник (41) или преку Bosch Levelling Remote App.
За приказот на екранот (15) на мерниот уред важи:
- Со првото притиснување на функционално копче (на пр. копче за
) ќе се прикажат моменталните поставки на функцијата. Со следното притиснување на функционалното копче поставките ќе се променат.
- Во долното поле на екранот во различни менија се прикажуваат Softkey-ознаки (i). Со соодветните, функционални копчиња (Softkeys) поставени на екранот може да се извршуваат функции претставени со ознаки (i) (види слика ). Ознаките ги прикажуваат функционалните копчиња кои може да се користат, во зависност од соодветното мени (на пр. во менито за ротационен режим копчето за
) или дополнителни функции како понатаму (
), назад (
) или потврдување (
).
- Softkey-ознаките (i) покажуваат и дали копчињата
и
во тековното мени се користат за накосување надолу (
) или нагоре (
) или за ротирање во насока на стрелките на часовникот (
) или спротивно од стрелките на часовникот (
).
- 5 s по последното притискање на копчето, приказот автоматски се враќа на почетниот екран.
- Со секое притискање на копчето одн. секој сигнал, што стигнува до мерниот уред, на екранот свети (15). Светлото се гаси по околу 1 min по последното притискање на копчето.
Косината одн. вртењето во различни функции може да се забрза, кога соодветните копчиња за косина или вртење на мерниот уред одн. на далечинскиот управувач се подолго притиснати.
При исклучување на мерниот уред сите функции се ресетираат на стандардни поставки.
- Направете проверка за точноста секогаш по првата употреба како и пред да секое почнување со работа види Проверка на точноста и калибрирање на мерниот уред.
Вклучување
- Притиснете го копчето
за да го вклучите мерниот уред.
- За неколку секунди ќе се појави секвенца за стартување, а потоа почетниот екран.
- Мерниот уред пушта варијабилен ласерски зрак (8) како и точката на вертикалата нагоре (10) од излезните отвори (9).

Нивелирањето започнува автоматски и се прикажува со ознака за нивелирање на екранот, ласерските зраци што трепкаат и приказот за статус (12) што трепка зелено види Автоматика за нивелирање.

По успешно нивелирање, се појавува почетниот екран, ласерските зраци светат непрекинато, ротацијата започнува и приказот за статус (12) свети зелено непрекинато.
Исклучување

- За да го исклучите мерниот уред, држете го притиснато копчето
, додека на екранот не се појави ознаката за исклучување.

При надминување на највисоката дозволена работна температура од 50 °C за неколку секунди се појавува порака за предупредување и приказот за статус (12) свети црвено.
Потоа мерниот уред автоматски се исклучува заради заштита на ласерската диода. Откако ќе се олади, мерниот уред е повторно подготвен за работа и може одново да се вклучи.
Во состојба на испорака мерниот уред и испорачаниот далечински управувач (40) како и испорачаниот ласерски приемник (41) веќе се поврзани преку Bluetooth®.

- За да го поврзете далечинскиот управувач или ласерскиот приемник, притиснете и задржете го копчето
додека на екранот не се појави ознаката за поврзување со далечинскиот управувач/ласерски приемник.
- За да воспоставите врска со далечинскиот управувач, притиснете ги копчињата
и
на далечинскиот управувач истовремено додека приказите за статус (33) и (34) не почнат да трепкаат.
- Додека се воспоставува врска со далечинскиот управувач, трепкаат зелено наизменично приказите за статус на далечинскиот управувач.
- За воспоставување врска со ласерскиот приемник, држете ги притиснати истовремено копчињата
и
на ласерскиот приемник, додека не се појави известувањето за воспоставување врска на ласерскиот приемник.

Успешното воспоставување на врска со далечинскиот управувач одн. ласерскиот приемник се потврдува на екранот.
При успешно воспоставување на врска со далечинскиот управувач приказот за статус (33) и (34) на далечинскиот управувач свети за 3 s зелено.

Ако не може да се воспостави врска, на екранот се појавува порака за грешка.
Ако воспоставувањето на врска со далечинскиот управувач е неуспешно, приказот за статус (33) и (34) на далечинскиот управувач свети за 3 s црвено.
2 ласерски приемници можат истовремено да се поврзат со мерниот уред и да работат со мерниот уред.
Ако се поврзат дополнителни далечински управувачи или ласерски приемници, најстарата врска се брише.
Мерниот уред е опремен со Bluetooth® модул што овозможува далечинско управување преку паметен телефон со Bluetooth® интерфејс.

Ви треба Bosch Levelling Remote App за да ја користите функцијава. Неа можете да ја преземете од соодветниот App-Store во зависност од крајниот уред (Apple App Store, Google Play Store). За да го направите ова, скенирајте го QR-кодот прикажан подолу.
Информациите за потребните системски барања за вашиот паметен телефон може да ги најдете во техничките податоци на мерниот уред.
- При далечинско управување со помош на Bluetooth® може да настанат временски одложувања меѓу паметниот телефон и мерниот уред поради лоши услови за прием.
Функцијата Bluetooth® за далечинско управување преку апликација е стандардно вклучена на мерната алатка и може да се деактивира со помош на копчето .
- Притиснете го копчето
за да го исклучите Bluetooth® за далечинско управување преку апликација.
- На почетниот екран се гаси приказот за врска преку Bluetooth® (c).

- Накратко притиснете го копчето
за повторно да го вклучите Bluetooth® за далечинско управување преку апликација.
- Ознаката за воспоставување на врска со паметен телефон се појавува на екранот.
- Проверете дали Bluetooth® интерфејсот е активиран на вашиот паметен телефон.

Успешното воспоставување на врска се потврдува на екранот. На почетниот екран се препознава постоечката врска на приказот за врска преку Bluetooth® (c).

Ако не може да се воспостави врска, на екранот се појавува порака за грешка.
По вклучувањето на Bosch Levelling Remote App, се воспоставува врската меѓу паметниот телефон и мерниот уред. Ако се пронајдени повеќе активни мерни уреди, изберете го соодветниот мерен уред. Доколку е пронајден само еден активен мерен уред, се воспоставува автоматска врска.
Врската преку Bluetooth® може да се прекине поради големото растојание или пречки помеѓу мерниот и мобилниот уред, како и поради електромагнетски извори на пречки. Во овој случај, повторното воспоставување на врска стартува автоматски.
- Со притискање на копчето

При паузи во работата можете да го ставите мерниот уред во режим на мирување. Притоа сите поставки се зачувуваат.

- Притиснете го кратко копчето
.
- Во следното мени притискајте го постојано копчето
, додека не го изберете режимот на мирување.
- Потврдете го вашиот избор со
со притискање на копчето
.
Алтернативно режимот на мирување можете да го вклучите со притискање на копчето на далечинскиот управувач.

При вклучен режим на мирување на екранот ќе се појави ознаката за режим на мирување. Приказот за статус (12) трепка зелено со бавно темпо. Функцијата за предупредување за удар останува активна, сите поставки се зачувуваат.
- Притиснете го накратко копчето
на мерниот уред или копчето
на далечинскиот управувач за да го исклучите режимот на мирување.
Мерниот уред може да го исклучите кога е во режим на мирување. Држете го притиснато копчето додека не се појави ознаката за исклучување на екранот. Сите други копчиња на мерниот уред и далечинскиот управувач се деактивирани.
Вклучувањето/исклучувањето на режимот на мирување исто така е можно преку Bosch Levelling Remote App.

Копчињата на мерниот уред и далечинскиот управувач може да се блокираат преку Bosch Levelling Remote App. На екранот на мерниот уред се појавува ознаката за блокада на копчиња.
Блокадата на копчиња може да се откаже како што следува:
- преку Bosch Levelling Remote App,
- со исклучување и вклучување на мерниот уред преку копчето
- или со истовремено притискање на копчињата
и
на мерниот уред.