Проверка и подесување на основните поставки

За гарантирање на прецизни резови мора да ги проверите основните поставки по интензивно користење на електричниот алат и евентуално да ги подесите.
За тоа ви е потребно искуство и соодветен специјален алат.

Сервисната служба на Bosch оваа работа ја води прецизно и доверливо.

  • Подесете го електричниот алат во работна позиција.
  • Поставете еден вертикален агол на закосување на сечилото за пила од 0°.
  • Отстранете го заштитниот поклопец (3).

Проверка (види слика J1)

  • Поставете го аголното мерило на 90° и ставете го на масата за сечење (2).

Кракот на аголното мерило мора да биде прецизен по целата должина со сечилото за пила (28).

Подесување (види слика J2)

  • Олабавете ја контра-навртката на завртката-граничник (17) со обичен окаст или вилушкаст клуч.
  • Олабавете го лостот за блокада (19).
  • Турнете го рачното тркало (18) на завртката-граничник (17) и вртете ја завртката-граничник навнатре или нанадвор додека кракот од аголното мерило не е рамен по целата должина со сечилото за пила.
  • Држете го рачното тркало во оваа позиција и повторно затегнете го лостот за блокада (19).
  • Повторно затегнете ја контра-навртката на завртката-граничник (17).

Доколку по подесувањето агломерот (56) не е во линија со 0° ознаката на скалата (21), олабавете ја завртката (60) со обичен крстест одвртувач и насочете го агломерот по должина на 0° ознаката.

Повторете ги горенаведените работни чекори соодветно за вертикален агол на закосување од 45° (олабавете ја контра-навртката на завртката-граничник (22)). Притоа агломерот (56) не смее повторно да се поместува.

  • Подесете го електричниот алат во работна позиција.
  • Отстранете го заштитниот поклопец (3).

Проверка

  • Со молив означете го првиот лев забец на пилата, којшто може да се види одзади над додатокот за маса.
  • Поставете го аголното мерило на 90° и наместете го на работ на водечкиот жлеб (47).
  • Поместувајте го кракот на аголното мерило додека не ги допре означените запци на пилата и прочитајте го растојанието помеѓу сечилото за пила и водечкиот жлеб.
  • Вртете го сечилото за пила додека означениот забец не застане однапред над додатокот за маса.
  • Поместувајте го аголното мерило по должина на водечкиот жлеб до означениот забец на пилата.
  • Повторно измерете го растојанието меѓу сечилото за пила и водечкиот жлеб.

Двете измерени растојанија мора да бидат идентични.

Подесување

  • Олабавете ги завртките со внатрешна шестаголна глава (61) напред под масата за сечење и завртките со внатрешна шестаголна глава (62) назад под масата за сечење со испорачаниот клуч со внатрешна шестаголна глава (9).
  • Внимателно движете го сечилото за пила додека не дојде паралелно со водечкиот жлеб (47).
  • Повторно затегнете ги сите завртки (61) и (62).

Пред да го порамните паралелниот граничник (27), прво мора да ги поставите граничниците (17)/(22) за стандарден вертикален агол на закосување и да се уверите дека сечилото за пилата (28) е паралелно со водечките жлебови (47) на аголниот граничник.
види Подесување на вертикалните граничници за стандарден агол на закосување 0°/45°
види Паралелност на сечилото за пила со водечките жлебови на аголниот граничник (види слика K)

  • Ослободете го лостот за блокирање (42) на паралелниот граничник (27) и оставете го паралелниот граничник слободно да се движи при процесот на порамнување.
  • Поставете ги засеците на паралелниот граничник (27) над парот игли (44) (сребрена). Преклопливиот дополнителен паралелен граничник (8) мора да биде насочен подалеку од заштитниот поклопец (3).
  • Отстранете го заштитниот поклопец (3).
  • Повлечете ја затегнувачката рачка (25) за проширувањето за масата за сечење докрај и поместете го паралелниот граничник (27) додека не допре до сечилото за пилата (28).

Проверка

Паралелниот граничник (27) мора да го допира сечилото за пила по целата должина.

Подесување

  • Олабавете ги сребрените завртки на парот игли (44) со помош на испорачаниот клуч со внатрешна шестаголна глава (9) доволно за да може иглите слободно да се лизгаат.
  • Лизгајте го парот игли (44) со паралелниот граничник (27) околу 3 mm надесно.
  • Користете го вртливото копче (24) за на горната, сребрена скала (13) да го поставите растојанието меѓу паралелниот граничник и сечилото за пилата.
  • Притиснете ја затегнувачката рачка (25) за проширувањето за масата за пила надолу.
  • Притиснете го парот игли (44) со паралелниот граничник (27) налево додека паралелниот граничник не го допира сечилото за пилата по целата должина.
  • Внимателно затегнете ги сребрените завртки на парот игли (44) со испорачаниот клуч со внатрешна шестаголна глава (9).
  • За да го фиксирате паралелниот граничник, преклопете го лостот за блокирање (42) од двете страни.
  • Погрижете се по затегнувањето, паралелниот граничник сè уште да го допира сечилото за пилата по целата должина.

Потоа проверете го парот црни игли (43) и (45).

Пред да го порамните парот игли (43), прво мора правилно да го порамните парот игли (44) (сребрена, десно).
види Порамнување на паралелниот граничник – пар игли (44) сребрени, десно (види слика L)

  • Ослободете го лостот за блокирање (42) на паралелниот граничник (27) и подигнете го паралелниот граничник од парот игли (44).
  • Олабавете ги црните завртки на парот игли (43) со помош на испорачаниот клуч со внатрешна шестаголна глава (9) доволно за да може иглите слободно да се лизгаат.
  • Држете ги отворите на прстенестиот клуч (23) до предните игли (44)/(43).
  • Поместете ја црната игла (43) додека двете игли (сребрена (44) и црна (43)) не се вклопат во соодветниот отвор на прстенестиот клуч.
  • Повторете ги овие чекори со задните игли (44)/(43).

Пред да го порамните паралелниот граничник (27), прво мора да ги поставите граничниците (17)/(22) за стандарден вертикален агол на закосување и да се уверите дека сечилото за пилата (28) е паралелно со водечките жлебови (47) на аголниот граничник.
види Подесување на вертикалните граничници за стандарден агол на закосување 0°/45°
види Паралелност на сечилото за пила со водечките жлебови на аголниот граничник (види слика K)

  • Ослободете го лостот за блокирање (42) на паралелниот граничник (27) и оставете го паралелниот граничник слободно да се движи при процесот на порамнување.
  • Поставете ги засеците на паралелниот граничник (27) над парот игли (45) (црна). Преклопливиот дополнителен паралелен граничник (8) мора да биде насочен подалеку од заштитниот поклопец (3).
  • Отстранете го заштитниот поклопец (3).
  • Повлечете ја затегнувачката рачка (25) за проширувањето за масата за сечење докрај и поместете го паралелниот граничник (27) додека не допре до сечилото за пилата (28).

Проверка

Паралелниот граничник (27) мора да го допира сечилото за пила по целата должина.

Подесување

  • Олабавете ги црните завртки на парот игли (45) со помош на испорачаниот клуч со внатрешна шестаголна глава (9) доволно за да може иглите слободно да се лизгаат.
  • Притиснете го парот игли (45) со паралелниот граничник (27) надесно додека паралелниот граничник не го допира сечилото за пилата по целата должина.
  • Внимателно затегнете ги црните завртки на парот игли (45) со испорачаниот клуч со внатрешна шестаголна глава (9).
  • За да го фиксирате паралелниот граничник, преклопете го лостот за блокирање (42) од двете страни.
  • Погрижете се по затегнувањето, паралелниот граничник сè уште да го допира сечилото за пилата по целата должина.

  • Ослободете го лостот за блокирање (42) на паралелниот граничник (27) и оставете го паралелниот граничник слободно да се движи при процесот на порамнување.
  • Поставете ги засеците на паралелниот граничник (27) над парот игли (44) (сребрена). Преклопливиот дополнителен паралелен граничник (8) мора да биде насочен подалеку од заштитниот поклопец (3).
  • Отстранете го заштитниот поклопец (3).
  • Повлечете ја затегнувачката рачка (25) за проширувањето за масата за сечење докрај и поместете го паралелниот граничник (27) додека не допре до сечилото за пилата (28).
  • Олабавете ги завртките (63) со крстест одвртувач и центрирајте го показателот на растојание (59) по должина на 0 ознаката на скалата (13).
  • Повторно затегнете ги шрафовите (63).

Проверка

Предната страна на додатокот за маса (6) мора да биде во рамна линија со или малку под масата за сечење, а задната страна мора да биде во рамна линија или малку над масата за сечење.

Подесување

  • Со клучот со внатрешна шестаголна глава (9) подесете го правилното ниво на четирите завртки за подесување (64).

По интензивна употреба, маневрирањето на шината-водилка (46) на аголниот граничник во водечки жлеб (47) може да стане преголема.

  • Повторно зацврстете ги завртките за приспособување (65) на шината-водилка (46).