Замена на копчестата батерија
За зачувување на времето и другите поставки на радиото, мора да се користи копчеста батерија како батерија за резервно напојување.
Пред првото користење на радиото, отстранете ја заштитната лента на вметнатата копчеста батерија.
Отворете ја рачката за заклучување (13) на капакот за батеријата и отворете го капакот за батеријата (12).
Доколку е потребно извадете ја акумулаторската батерија (17).
Извлечете ја заштитната лента под капакот (18) на копчестата батерија.
Променете ги копчестите батерии, ако времето на радиото повеќе не се зачувува и ако приказот е послаб.
За таа цел, вртете го капакот (18) на копчестата батерија во правец спротивен на стрелките од часовникот (на пр. со монета) и извадете го капакот. Вметнете нова копчеста батерија.
Притоа внимавајте на половите во согласност со приказот на внатрешната страна на капакот (18).
Повторно вметнете го капакот (18) на копчестата батерија и свртете го во правец на стрелките на часовникот. Капакот е безбедно заклучен само кога ознаките на капакот и на симболот за заклучување се прикажуваат едни кон други.
- Извадете ја копчестата батерија од радиото кога не ја користите подолго време. При подолго складирање во радиото, копчестата батерија може да кородира и да се испразни.