Одржување и чистење

  • Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
  • Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.

Чистење на стегалките (види слики E1E3)

  • Отстранете ја чаурата (2) спротивно од правецот на стрелките на часовникот од електричниот алат.
  • Држете ја со клуч за навртување (16 mm) спроти површината за клуч (22) и олабавете ги стегалките за чаура (21).
  • Повлечете ги стегалките за чаура (21).
    На овој начин, стегалките (23) и компресионата пружина (24) се лесно достапни.
  • Исчистете ги стегалките (23) и компресионата пружина (24) од прав и метални делчиња.
  • По потреба, заменете ги стегалките (23).
  • Повторно монтирајте ги сите делови во обратен редослед.

Вметнување на копчеста батерија

Bluetooth® Low Energy Module содржи копчеста батерија.
Ако копчестата батерија е преслаба или празна, ќе бидете информирани преку Bosch Toolbox. Замената на копчестата батерија мора да се врши од Bosch или овластена сервисна служба за Bosch електрични алати.

  • Внимание: Копчестата батерија секогаш заменувајте ја со копчеста батерија од ист тип. Инаку, постои опасност од експлозија.
  • Прописно отстранете ги и фрлете ги испразнетите копчести батерии. Испразнетите копчести батерии може да протечат и со тоа да го оштетат производот или да повредат лица.