Безбедносни напомени за работни маси

  • Извлечете го приклучокот од ѕидната приклучница и/или извадете ја батеријата од електричниот алат, пред да ги смените поставките на уредот или да ги замените деловите. Невнимателниот старт на електричните алати може да предизвикаат несреќи.
  • Монтирајте ја правилно работната маса, пред да го монтирате електричниот алат. Беспрекорната монтажа е важна за избегнување на ризик од нејзино распаѓање.
  • Пред да почнете да го користите, прицврстете го електричниот алат на работната маса. Поместувањето на електричниот алат на работната маса може да доведе до губење на контролата.
  • Поставете ја работната маса на цврста, рамна и хоризонтална површина. Доколку постои можност работната маса да се помести или ниша, делот што се обработува не може да се води рамномерно и безбедно.
  • Не ја преоптоварувајте работната маса и не ја користете како спроводник или скеле. Преоптоварувањето или стоењето на работната маса може да доведе до тоа, тежиштето на работната маса да се помести нагоре и таа да се преврти.
  • Не го притискајте со сила работното парче во сечилото за пила. Ако при употреба се врши преголем притисок врз електричниот алат, работната маса може да се преврти.
  • За време на работата внимавајте сите завртки и сврзни елементи да се цврсто затегнати. Олабавените врски може да доведат до нестабилност и непрецизни резови.
  • Проверете дали долгите и тешки делови за обработка нема да ја дебалансираат работната маса. Долгите и тешки делови што се обработуваат мора да се потпрат на слободниот крај или да се прицврстат.
  • При склопување и расклопување на работната маса не ги ставајте прстите во близина на точките на свиткување. Може да ги заглавите прстите.