Вметнување на патрон

Ако пиштолот за силикон претходно се користел со патрон, постапете на следниот начин:

  • Ослободете ја назабената шина (7) со отклучувањето на назабената шина (12) и повлечете ја наназад.
  • Одвртете го капачето за затворање (1) од држачот за ќеси и патрони (2).
  • Исечете го патронот на предната страна и навртете отвор за истекување.
  • Вметнете го патронот и затворете го држачот за ќеси и патрони (2) со капачето за затворање (1).
  • Внимателно вметнете ја отклучената назабена шина нанапред, додека алуминиумскиот диспензер за истиснување (6) не го допре патронот.
  • Евентуално исечете го отворот за истекување според Вашите потреби.

Ако пиштолот за силикон претходно се користел со тубуларна ќеса, постапете на следниот начин (види слика B):

  • Ослободете ја назабената шина (7) со отклучувањето на назабената шина (12) и повлечете ја наназад.
  • Одвртете го држачот за ќеси и патрони (2) од пиштолот за силикон.
  • Извадете ги пластичната шајбна за истиснување (4) и металната шајбна за истиснување (5) со притискање на пластичната шајбна за истиснување надолу.
  • Извадете го алуминиумскиот диспензер за истиснување (6), свртете го за 180° (свитканата страна да покажува кон напред) и повторно вметнете го. Затегнете го алуминиумскиот диспензер за истиснување (6) со затезната навртка (3).
  • Навртете го држачот за ќеси и патрони (2) на пиштолот за силикон. Притоа цврсто држете го сврзното капаче (8).