Вметнување на тубуларната ќеса

  • Пред било каква интервенција на електричниот алат извадете ја батеријата.
  • Ако навртите држач за ќеси и патрони во пиштолот за силикон, внимавајте на тоа држачот да биде навистина навртен во навојот. Со другата рака цврсто држете го сврзното капаче, ако го навртувате држачот за ќеси и патрони!

Пиштолот за силикон е стандардно испорачан за работа со тубуларни ќеси. Во овој случај, при прва употреба не е потребна модификација.

Ако за прв пат го користите пиштолот за силикон или претходно се користела тубуларна ќеса, бидете сигурни дека се монтирани пластичната шајбна за истиснување (4) и металната шајбна за истиснување (5). Постапете на следниот начин:

  • Одвртете го капачето за затворање (1) од држачот за ќеси и патрони (2).
  • Ослободете ја назабената шина (7) со отклучувањето на назабената шина (12) и повлечете ја наназад.
  • Исечете ја тубуларната ќеса на предната страна и вметнете ја во држачот за ќеси и патрони.
  • Поставете соодветен отвор за истекување и затворете го држачот за ќеси и патрони (2) со капачето за затворање (1).
  • Внимателно вметнете ја отклучената назабена шина нанапред, додека пластичната шајбна за истиснување (4) не ја допре тубуларната ќеса.
  • Евентуално исечете го отворот за истекување според Вашите потреби.

Ако пиштолот за силикон претходно се користел со патрон, постапете на следниот начин (види слика A):

  • Ослободете ја назабената шина (7) со отклучувањето на назабената шина (12) и повлечете ја надолу.
  • Одвртете го држачот за ќеси и патрони (2) од пиштолот за силикон.
  • Извадете го алуминиумскиот диспензер за истиснување (6), свртете го за 180° (свитканата страна да покажува кон назад) и повторно вметнете го.
  • Поставете го алуминиумскиот диспензер за истиснување (6) на металната шајбна за истиснување (5) и врз тоа пластичната шајбна за истиснување (4). Свртете ја затезната навртка (3) на навојот и затегнете ја.
  • Навртете го држачот за ќеси и патрони (2) на пиштолот за силикон. Притоа цврсто држете го сврзното капаче (8).
  • Одвртете го капачето за затворање (1) од држачот за ќеси и патрони (2).
  • Исечете ја тубуларната ќеса на предната страна и вметнете ја во држачот за ќеси и патрони (2).