Кориснички интерфејс (види слика B)

Корисничкиот интерфејс (9) за избирање на режим на работење и за прикажување на состојбата на електричниот алат.

Прикази за состојба

Индикатор за состојбата на електричниот алат (25)

Боја

Значење

Решение

Зелено

Електричниот алат е вклучен и подготвен за употреба.

−

жолто

Потребно е да обрнете внимание на одреден настан: Критична температура, батеријата е речиси празна или е потребно одржување.

  • Оставете го електричниот алат да се излади.
  • Заменете ја или наполнете ја батеријата.
  • Однесете го алатот на сервисирање.

Црвено

Електричниот алат не е подготвен за употреба.

Причина: Електричниот алат е прегреан, батеријата е празна или има механички дефект.

  • Оставете го електричниот алат да се излади.
  • Заменете ја или наполнете ја батеријата.
  • Однесете го алатот на сервисирање.

Трепка црвено

  • Чкрапалото (6) било притиснато прерано.
  • Чкрапалото (6) не било притиснато во рок од 5 сек.; моторот автоматски се исклучува.
  • Прекинувачите биле активирани по погрешен редослед (на пр. чкрапалото било притиснато пред електричниот алат да се префрли во режим на контактно активирање).
  • Почекајте кратко додека индикаторот за состојбата не засвети зелено.
  • Електричниот алат повторно е подготвен за употреба.
  • Повторете го процесот на забивање, притоа почитувајќи го правилниот редослед на активирање.
  • Променете го системот за активирање преку корисничкиот интерфејс.

Приказ на наполнетоста на батеријата (26)

Ознака

Боја

Ниво на наполнетост на батеријата

–

–

20–100%

жолта

1–20%

црвена

0–1%

Приказ за одржување

Ознака

Боја

Значење

Решение

жолта

Краен рок на планираното ниво на одржување „ниско“.

Контактирајте ја сервисната служба.

жолта

Краен рок на планираното ниво на одржување „високо“.

Контактирајте ја сервисната служба.

Притиснете го копчето Reset (29) за да го ресетирате бројачот за одржување по одржувањето.