Полнење на магацинот (види слика A1−A4)
- Извадете ја акумулаторската батерија пред да почнете да го подесувате уредот, да менувате делови од опремата или доколку долго време не сте го користеле електричниот алат. Овие мерки за предупредување го спречуваат невнимателниот старт на електричниот алат.
Користете само оригинална Bosch-опрема. Прецизните делови на електричниот алат како магацинот, отворот и каналот за пукање се прилагодени на хефт-иглиците, шајките и клинците на Bosch. Другите производители употребуваат друг квалитет на челик и димензии.
Напомена: Користете ја само муницијата наведена во табелата „Технички податоци“.
Користењето на недозволена муниција може да го оштети електричниот апарат и да предизвика повреди.
При полнење на магацинот, држете го електричниот алат така што отворот на алатот (18) да не биде насочен кон вашето тело или кон други лица.
- По потреба исчистете го лизгачот на магацинот (15) и проверете дали магацинот (14) не е извалкан.
- Вметнете соодветна лента со клинци (20) во Т-отворот на крајот од магацинот (14).
- Лизгајте ја лентата со клинци нанапред во магацинот сè додека последниот клинец не се најде пред (21) пружината на магацинот.
Напомена: Електронската контрола детектира дали има шајки во магацинот. Ако се притисне осигурувачот за активирање кога магацинот е празен, нема да се активира процесот за набивање. Така, се спречува пукање во празно.
- Притиснете го претходно затегнатиот зафаќач на шајки (16) во правец на лизгачот на магацинот (15) и истовремено повлечете го лизгачот на магацинот сосема до крај на магацинот (14).
Напомена: Лизгачот на магацинот мора да се врати назад без многу сила (само со силата на прстот). Заглавениот лизгач на магацинот ги има следните ефекти: Шајката не се исфрла, шајката се заглавува во каналот за пукање (види заглавување ) или шајката се исфрла под погрешен агол.
- Водете го лизгачот на магацинот (15) со притиснат зафаќач на шајки (16) внимателно нанапред, сè додека зафаќачот на шајки не дојде над последната шајка и притоа притиснете ја лентата со шајки во магацинот сосема нанапред.
Напомена: Не допуштајте лизгачот на магацинот да се затвора без контрола. Притоа лизгачот на магацинот може да се оштети и постои опасност да ги згмечите прстите.