Полнење на батеријата
- Користете ги само полначите коишто се наведени во техничките податоци. Само овие уреди за полнење се погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот електричен уред.
Напомена: Литиум-јонските батерии се испорачуваат делумно наполнети порани меѓународните прописи за транспорт. За да се загарантира целосната јачина на батеријата, пред првата употреба целосно наполнете ја.
За време на процесот на полнење се затоплува дршката на електричниот алат. Ова е нормално.
Доколку не го употребувате, извадете го полначот од струја.
Електричниот алат не може да се користи за време на процесот на полнење; тој не е дефектен доколку не функционира за време на процесот на полнење.
- Заштитете го полначот од влага!