Менување на сунѓер/навлака од јагнешко крзно (види слика A)

За вадење на сунѓер/навлака од јагнешко крзно (7) подигнете ја странично и извлечете ја од подлогата за поддршка (4).

Пред да поставите нов сунѓер или навлака од јагнешко крзно, отстранете ја нечистотијата и правот од подлогата за поддршка (4), на пр. со четкичка.

Површината на подлогата за поддршка (4) се состои од лепенка, така што сунѓерот/навлаката од јагнешко крзно со лепенка може брзо и едноставно да се прицврстат.

Цврсто и централно притиснете го сунѓерот/навлаката од јагнешко крзно (7) на долната страна од подлогата за поддршка (4).

За да го зголемите работниот век на подлогата за поддршка, особено при користење на абразивни мрежи (на. пр. Bosch M480) може да поставите заштитна подлога (опрема) помеѓу подлогата за поддршка и средството за полирање.