Напомени за работењето
- Внимавајте на процепите во носечките ѕидови „Напомени за статика “.
- Не го оптоварувајте многу електричниот алат, додека не дојде во состојба на мирување.
- Затегнете го делот што се обработува, доколку не налегнува сигурно со својата тежина.
- Електричниот апарат смее да се користи само за сечење на суви материјали.
Заштитете ги брусните плочи за сечење од удари и маснотија. Не ја притискајте странично брусната плоча за сечење.
- Прилагодете ја длабочината на сечење. види Претходно бирање на длабочината на резот За да се поправат грешките, коишто настануваат при кршење на сегментите, се препорачува длабочината на сечење претходно да се избере за 5 mm подлабоко од саканата длабочина на жлебот.
- Поставете го електричниот алат со лизгачките валјаци (9) на површината на која треба да се работи.
- Вклучете го електричниот алат.
- Притиснете ја предната рачка во правец на делот што се обработува за да можат дијамантските брусни плочи за сечење да навлезат во материјалот надвор од основната плоча. Првично, мора да се надмине мал отпор.
- Водете го електричниот апарат со двете дршки и со умерен притисок по материјалот што се обработува.
- Електричниот алат секогаш мора да се води во спротивен правец на движење. Инаку постои опасност, тој неконтролирано да се истисне од резот. Водете го електричниот алат во насоката на работење прикажана на основната плоча.
- По завршување на работа на работниот процес, извлечете го електричниот алат од жлебот додека работи моторот.
- Исклучете го електричниот алат.
- Повратната пружина и почетниот отпор работат заедно спречуваат олабавување на дијамантските брусни плочи за сечење кога електричниот алат е поставен исправено на подот или масата. Доколку електричниот алат е во својата почетна позиција, т. е. ако држачот (31) е фиксиран во куката (32), постои мал ризик електричниот алат да се помести или оштети површината (поради триење помеѓу ротирачките дијамантски брусни плочи за сечење и контактната површина) доколку случајно се вклучи. Меѓутоа, ако електричниот алат не е во својата почетна позиција поради примена на сила (на пр. силен удар), дијамантските брусни плочи за сечење може накратко да удрат и да застанат на површината.
Не блокирајте ги дијамантските брусни плочи за сечење што излегуваат со страничен противпритисок.
- Дијамантската брусна плоча за сечење за време на работата станува многу жешка, не ја допирајте пред да се олади.
Отстранете ги останатите сегменти во материјалот со алатот за отстранување на сегменти (34).
Криволиниското сечење не е возможно, бидејќи дијамантските брусни плочи за сечење може да се заглават во делот што се обработува.
При сечење на плочести материјали, истите мора да се потпрат или постават на цврста подлога.
При изведување на сегменти во ѕид на (пр. со електро-пневматски чекани за дупчење) може да го спречите лупењето на материјалот на површината, доколку претходно направите жлеб со максимална длабочина на сечење со глодалката за жлебови во ѕид.
При сечење на особено цврсти материјали на пр. бетон со чакал, дијамантскиот диск за сечење може да се прегрее и да се оштети. Венецот од искри кој кружи околу дијамантскиот диск за сечење јасно укажува на тоа.
Во таков случај прекинете го процесот на сечење и оставете го кратко дијамантскиот диск за сечење во празен од при највисок број на вртежи, за да се олади.
Значителното попуштање во работата и венецот од искри кој кружи се знаци за отапена дијамантска брусна плоча. Може повторно да ја наострите со кратки резови во абразивен материјал, на пр. силикатен камен.
Напомени за статиката
Процепите во носечките ѕидови подлежат на прописите специфични за земјата. Мора задолжително да се придржувате до овие прописи. Пред почетокот на работата повикајте го одговорниот статичар, архитект или надлежните градежни раководители за да се советувате.