Одржување и чистење

Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете загрозување на безбедноста.

Чистење

Отстранете ја правта и струготините со издувување со компресиран воздух или со четка по секоја работна постапка.

Мерки за намалување на бучавата

Мерки на производителот:

  • Фин старт
  • Испорака со сечило за пила специјално развиено за намалување на бучавата

Мерки на корисникот:

  • Монтажа без многу вибрации на стабилна работна површина
  • Примена на сечила за пила со функција на намалување на бучавата
  • Редовно чистење на сечилото за пила и електричниот алат