Ставање во употреба
- Пред секоја употреба, проверете дали затезната чаура (1) и затезната навртка (2) имаат видливо оштетување.
GGS18V-28LS
За ставање во употреба на електричниот алат, лизнете го прекинувачот за вклучување/исклучување (5) нанапред.
За фиксирање на прекинувачот за вклучување/исклучување (5) притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (5) нанапред надолу додека не се вклопи.
За да го исклучите, електричниот алат, ослободете го прекинувачот за вклучување/исклучување (5) одн. доколку тој е блокиран, кратко притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (5) наназад надолу и потоа отпуштете го.
Со копчето за подесување на бројот на вртежи (8) можете да го изберете потребниот број на вртежи и за време на користењето на алатот.
Потребниот број на вртежи зависи од материјалот којшто треба да се обработи и дијаметарот на алатот што се вметнува. Придржувајте се кон максимално дозволениот број на вртежи на алатот за вметнување.
Позиција на копчето за подесување | Број на вртежи во празен од (min-1) |
|---|---|
1 | 8000 |
2 | 12000 |
3 | 16000 |
4 | 20000 |
5 | 23000 |
6 | 28000 |
Заштитата од рестартирање го спречува неконтролираното вклучување на електричниот алат по прекин на струја.
За повторно вклучување ставете го прекинувачот за вклучување/исклучување (5)/(15) во исклучена позиција и одново вклучете го електричниот алат.
Напомена: при брзо исклучување и вклучување може да се активира заштитата од рестартирање и електричниот алат да не стартува со работа и покрај активираниот прекинувач за вклучување/исклучување (5)/(15). Прекинувачот за вклучување/исклучување (5)/(15) ставете го во исклучена позиција и одново вклучете го електричниот алат.

Електричниот апарат располага со Bosch Brake System, патентирана електромеханичка сопирачка за исфрлање од брзина. При исклучување или при прекин на доводот на струја, алатот за брусење ќе запре за неколку секунди. Ова значи скратување на времето на исфрлање од брзина во однос на аголните брусилки без сопирачка за исфрлање од брзина од околу 70 % и овозможува побрзо оставање на електричниот апарат.
Напомена: Доколку дејството на сопирање осетно попуштило, сопирачката за исфрлање од брзина не работи. Електричниот алат мора веднаш да се испрати во сервисната служба, видете ги адресите во дел „Сервисна служба и совети при користење“.

