Начини на работа
- Подесете ја длабочината на сечење на дебелината на делот што се обработува. Под делот што се обработува, треба да биде видливо помалку од полната висина на запците.
Олабавете го затезната рачка (10). За помала длабочина на сечење тргнете ја пилата од основната плоча (13), а за поголема, притиснете ја пилата кон основната плоча (13). Саканата димензија подесете ја на скалата за длабочина на сечење. Повторно цврсто стегнете го затезната рачка (10).
Затезната сила на затезната рачка (10) може дополнително да се подеси. Притоа одвртете ја затезната рачка (10) и повторно затегнете ја поместена за најмалку 30° во правец спротивен на стрелките на часовникот.
Напомена: Ако се користи батеријата ProCORE18V 12.0Ah, за време на обработката таа може евентуално да налегне на делот што се обработува. Тогаш не може да се достигне максималната длабочина на сечење.
Со куката за закачување (3) може да го закачите електричниот алат на пр. на скала. Склопете ги куките за закачување (3) во саканата позиција.
- При закачен електричен уред, внимавајте сечилото за пила да е заштитено од невнимателно допирање. Постои опасност од повреда.
Повторно склопете ги куките за закачување (3) кога ќе сакате да работите со електричниот алат.
Внимание: Не допирајте го садот за собирање струготини (2) и металните струготини со голи раце веднаш по работењето. Овие делови може да се многу жешки и да предизвикаат изгореници на кожата.
Не сечете материјал на којшто се нанесени разредувачи, бензин, маснотии или други хемикалии. Металните струготини од такви материјали може да го оштетат заштитниот капак со садот за собирање струготини (2) и да доведат до кршење или лични повреди.
Металните струготини се собираат во садот за собирање струготини со заштитен капак (2). Редовно празнете го садот за собирање струготини.
За тоа турнете го механизмот за заклучување на садот за собирање струготини (25) нагоре. Отворете го капакот на садот за собирање струготини (24) и преклопете го во страна, за да го испразните истиот. По празнењето затворете го капакот на садот за собирање струготини (24) и повторно заклучете го.
