Ставање во употреба
За вклучување на електричниот алат притиснете на прекинувачот за вклучување/исклучување (7) за неколку секунди додека се слушне сигнален тон. LED приказот на статус (3) трепка, што укажува дека електричниот алат сега е во режим на подготвеност. Притиснете ја рачката за вклучување еднаш (8), за да го отворите сечилото (1). LED приказот на статус (3) свети постојано и електричниот алат е подготвен за употреба.
За исклучување на електричниот алат притиснете на прекинувачот за вклучување/исклучување (7) една секунда.
Напомена: исклучувајте го електричниот алат само со затворено сечило (1).
Електричниот алат се исклучува автоматски по 180 секунди. LED приказот на статус (3) се гаси. За повторно вклучување притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (7) повторно. Кога сечилото е отворено (1), тоа се движи накратко, сигнализирајќи дека електричниот алат е повторно подготвен за употреба.
При отворено сечило (1) електричниот алат се префрла во режим на подготвеност по 60 секунди. LED приказот на статус (3) трепка. За да го активирате електричниот алат, притиснете ја рачката за вклучување (8).
Откако електричниот алат ќе биде подготвен за употреба, притиснете ја рачката за вклучување (8), за да го активирате сечилото (1). Задржете ја рачката за вклучување (8), додека сечилото (1) не е целосно затворено. Сечилото (1) останува во затворена позиција. За повторно да го отворите сечилото (1), притиснете ја повторно рачката за вклучување (8).
LED приказот за статус (3) служи за приказ на состојбата на електричниот алат.
LED приказ за статус (3) | Состојба | Помош |
|---|---|---|
Постојано светење | Електричниот алат е подготвен за сечење | − |
Бавно трепкање | Режим на подготвеност | − |
Брзо трепкање | Дефект на батеријата или алатот | Наполнете ја батеријата, оставете го електричниот алат да се олади или исклучете ја и повторно вклучете ја батеријата |
Отворот на сечилото може да се постави на 20 mm или 32 mm. За таа цел притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (7) двапати брзо едноподруго. Се слуша звучен сигнал за отвор на сечило од 20 mm; се слуша двоен звучен сигнал за отвор на сечило од 32 mm. При повторно отворање на сечилото (1) изменетиот отвор на сечилото станува активен. Ако сечилото (1) било отворено за време на процесот на поставување, прво мора да се затвори за да стане активен новиот отвор на сечилото.