Одржување и чистење
- Пред секое работење на електричниот алат (на пр. одржување, промена на алатот итн.) извадете ја батеријата од електричниот алат. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
- Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
Доколку сечилото треба да се замени поради дефект или оштетување, следете ги упатствата и погледнете ги придружните слики A−B.
- Пред секое работење на електричниот алат (на пр. одржување, промена на алатот итн.) извадете ја батеријата од електричниот алат. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
- Сечилата се остри. Држете ги рацете подалеку од рабовите за сечење. Во спротивно, може да се исечете.

Носете заштитни ракавици. Може да се повредите со остриот нож
Напомена: сечилото (1) мора да биде во отворена позиција. Препорачан отвор: 20 mm (намален ризик од повреда).
- Олабавете ги двете завртки (13) на сервисниот капак (14) со Torx одвртувач (TX10). Отстранете го сервисниот капак (види слика A).
- Поставете го електричниот алат на другата страна.
- Отстранете ја (4 mm) завртката (9) со запчеста подлошка со помош на клуч со внатрешна шестаголна глава.
- Отстранете ја (13 mm) навртката (10) со помош на клуч за втиснување.
- Отстранете ја болцната (15).
- Извадете го сечилото (1) и ставете ново.
- Монтирајте ги сите делови по обратен редослед (види слика B).
Вртежниот момент на затегнување на навртката (10) мора да биде помеѓу 2 − 2,4 Nm.
Напомена: ако сечилото (1) чкрипи по замената, навртката (10) е презатегната. Внимавајте на вртежниот момент на затегнување!
Пред да го наполните маслото, извадете ја батеријата.
За да постигнете оптимален капацитет на сечење, наполнете малку масло во отворот за полнење масло (16) за да го подмачкате сечилото. Зачестеноста на додавање масло зависи од зачестеноста на сечењето, дијаметарот на цевките и цврстината на цевките.