Ставање во употреба

Вклучување/исклучување

За вклучување на електричниот алат, прво притиснете на страница  на блокадата при вклучување (4) и со тоа ќе ја деактивирате. Потоа притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (5) и држете го притиснат.

За исклучување на електричниот алат отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (5). За да ја активирајте блокадата при вклучување (4), притиснете на блокадата при вклучување на страница .

Контрола на бројот на работни одови

Бројот на работни одови на вклучениот електричен алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување (5).

Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување (5) се постигнуваат мал број на работни одови. Со зголемување на притисокот се зголемува и бројот на работни одови.

Потребниот број на работни одови зависи од материјалот и работните услови и може да се одреди со практична примена.

Се препорачува намалување на бројот на работни одови:

  • кога го поставувате сечилото на пилата на делот што се обработува за да може попрецизно да го поставите сечилото на пилата,
  • при сечење на пластика и алуминиум за да се спречи топење на материјалот.

При подолготрајно работење со мал број на работни одови, електричниот алат може многу да се вжешти. Извадете го сечилото за пила и оставете го електричниот алат да работи околу 3 мин. со максимален број на работни одови.