Ставање во употреба

Поставете го компресорот безбедно на цврста, рамна, хоризонтална и чиста површина за да спречите паѓање.

Компресорот мора да биде добро проветрен. Особено, влезот за воздух на капакот на филтерот за воздух (12) и отворите за вентилација мора да бидат доволно оддалечени од ѕидовите или други пречки што би можеле да го попречат протокот на воздух.

Со прекинувачот за предизбор на притисокот на котелот (4) може да изберете помеѓу 2 поставки за максимален притисок на котелот:

  • 8 бари
  • 4 бари

Притисокот во котелот мора да биде поголем од потребниот работен притисок.

Работата со намален притисок на котелот го скратува времето на полнење. Ова го продолжува работниот век на батеријата.

Притисокот на котелот постојано се прикажува на манометарот за притисок на котелот (3).

  • Проверете го безбедносниот вентил пред да го вклучите компресорот. Не користете го компресорот ако има видливо оштетување на безбедносниот вентил (5).

Уверете се, дека испусниот вентил (7) е затворен.

За вклучување на компресорот, притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (6) во позиција I.

Не почнувајте да работите со поврзаниот алат/додаток за компримиран воздух, сè додека на манометарот не се прикаже доволен притисок (3).

Моторот на компресорот автоматски се исклучува кога ќе се достигне зададениот максимален притисок во резервоарот.

Моторот на компресорот се вклучува автоматски кога притисокот во резервоарот ќе падне.

За исклучување на компресорот, притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (6) во позиција 0.

Прилагодете го работниот притисок за да одговара на специфичната намена. При ракување со пневматски алати и додатоци, работниот притисок на компресорот не смее да биде поголем од максималниот работен притисок на поврзаните алати или додатоци.

Свртете го вртливиот регулатор на работниот притисок (2) во правецот на стрелките на часовникот, за да го зголемите работниот притисок.

Свртете го вртливиот регулатор на работниот притисок (2) спротивно од правецот на стрелките на часовникот, за да го намалите работниот притисок.

Работниот притисок постојано се прикажува на манометарот за работен притисок (1).

Правилната употреба не може да го преоптовари компресорот. При големо оптоварување или пречекорување на дозволената температура на батеријата електрониката го исклучува компресорот, додека не се врати во оптималните граници на температура.