Отстранување дефекти

Причина

Отстранување

Компресорот не може да се вклучи или се исклучува автоматски (и покрај нискиот притисок во резервоарот).

Батеријата е празна или оштетена.

Наполнете ја или заменете ја батеријата.

Компресорот или пумпата се прегреани.

Оставете компресорот и батеријата да се оладат најмалку 10 min пред повторно да го вклучите компресорот. Проверете дали сите отвори за воздух на компресорот се празни и дали компресорот е добро проветрен.

Не може да се постигне доволен притисок во котелот или притисокот во котелот паѓа откако моторот ќе се исклучи без употреба на компримиран воздух.

Батеријата е преслаба.

Користете само батерии со минимален капацитет од 4 Ah.

Испусниот вентил (7) не е правилно затворен.

Затворете го целосно испусниот вентил.

Цревото за компримиран воздух не е правилно поврзано или е неисправно.

Проверете го цревото за компримиран воздух и неговите приклучоци и заменете го цревото за компримиран воздух доколку е потребно.

Компресорот не се исклучува автоматски.

Филтерот за воздух (11) е валкан или оштетен.

Исчистете го или заменете го филтерот за воздух.

Испусниот вентил (7) не е правилно затворен.

Затворете го целосно испусниот вентил.

Потрошувачката на компримиран воздух е превисока.

Компресорот не е соодветен за поврзаниот пневматски алат.

Цревото за компримиран воздух не е правилно поврзано или е неисправно.

Проверете го цревото за компримиран воздух и неговите приклучоци и заменете го цревото за компримиран воздух доколку е потребно.

Компресираниот воздух е премногу влажен.

Има премногу кондензација котелот под притисок.

Исклучете го компресорот и испразнете го кондензатот преку испусниот вентил (7).

Влажноста е преголема.

Поставете го компресорот на место со помала влажност.

Компресорот треба да се провери во Bosch-сервисна служба:

Не обидувајте се сами да го поправите котелот под притисок (8).