Безбедносни напомени за компресори

Носете заштита за слухот. Изложеноста на бучава може да влијае на губењето на слухот.

Не користете го компресорот кога врне дожд или кога има влага. Навлегувањето вода може да доведе до краток спој или електричен удар.

Површината на компресорот може да се загрее за време на работа. Не допирајте го компресорот веднаш по работата, почекајте да се излади.

Компресорот може автоматски да стартува без претходно предупредување, веднаш штом притисокот падне под минималното ниво. Со цел да се избегнат повреди, батеријата мора да се извади пред почеток на задачите за одржување.
- При отстранување од брзата спојка, држете го цврсто крајот на цревото за воздух. Цревото за воздух и резервоарот се под притисок. На тој начин се спречува неконтролирано движење на цревото за воздух, кое може да доведе до повреди.
- Обезбедете ги доводните црева при работен притисок над 7 бари дополнително со безбедносен кабел или сајла. Со тоа се спречува ненамерно одвојување на цревото од спојката, а со тоа и повреди на лица или други оштетувања.
- Обезбедете безбеден транспорт на компресорот. Пад на компресорот може да предизвика оштетување на куќиштето. Во таков случај, електричната безбедност не е повеќе загарантирана.
- Не вшмукувајте материи што се експлозивни, запалливи или опасни по здравјето. Не користете го компресорот во простории каде постои опасност од експлозија. Тие супстанции може да се запалат или експлодираат.
- Доколку е можно, не користете го компресорот во средина со прашина. Доколку не може да се избегне работа во средина со прашина, задолжително носете заштитна маска против прашина. На тој начин се заштитувате себеси и вашето здравје.
- Не насочувајте компримиран воздух кон луѓе или животни. На овој начин ќе избегнете повреди.
- Не вршете измени, обработки или интервенции на резервоарот под притисок. Резервоарот е под висок притисок, а секое нарушување на неговата цврстина може да предизвика експлозија или сериозни повреди.
- Редовно испуштајте го кондензатот кој се создава во резервоарот под притисок. Со тоа се спречува ’рѓосување на резервоарот и создавање микроорганизми што можат да го загрозат вашето здравје.
- Не транспортирајте го ниту складирајте го компресорот ако резервоарот сè уште е под притисок. Во спротивно може ненамерно да истече компримиран воздух, што може да предизвика повреди или оштетувања.
- При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
- Не модифицирајте и отворајте ја батеријата. Постои опасност од краток спој.
- Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее.
- Користете ја батеријата само во производи на производителот. Само на тој начин батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување.
Заштитете ги батериите од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, оган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој.