Всисување на прав/струготини

Избегнувајте да работите без мерки за намалување на прашината. Соодветен уред за всисување прав ја намалува количината на прав што е опасна по здравјето. Погрижете се за добра проветреност на работното место. Секогаш користете соодветна респираторна заштита. Затоа, доколку е возможно, користете соодветен всисувач за прав за материјалот што се обработува. Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.

Барања за всисувачот

Препорачан номинален дијаметар на цревото

mm

35

Потребен потпритисокA)

mbar
hPa

≥ 230
≥ 230

Потребна количина на протокA)

l/s
m³/h

≥ 36
≥ 129,6

Препорачана ефикасност на филтерот

Класа на прашина MB)

A)

Вредност на моќноста на приклучокот за всисување на електричниот алат

B)

Според IEC/EN 60335-2-69

Следете го упатството на всисувачот. Престанете да работите кога ќе се намали моќноста на всисување и отстранете ја причината.

Монтирање на заштита од струготини за глодалката за рабови/адаптерот за всисување (видете слики MN)

Заштитата од струготини са глодалката за рабови (30) и адаптерот за всисување (32)/(33) може да се користат во комбинација со тркалезната основна плоча (7) и опционалните основни плочи во форма на квадрат и форма на „D“ (опрема).

Заштитата од струготини за глодалките за рабови (30) е наменета за употреба во комбинација со адаптерот за всисување за глодалки за рабови (32). На овој начин, се обезбедува максимално всисување на прав кај глодалките за рабови.

Монтирајте ја заштитата од струготини за глодалките за рабови (30) со испорачаната завртка и вклопете ја во корпата за глодање (2) така што ќе се слушне вклопувањето.

Покрај заштитата од струготини за глодалката за рабови (30) може да го користите адаптерот за всисување (32) за обработката на рабови.

Прицврстете го адаптерот за всисување (32) со завртката (18).

Повторно отстранете го адаптерот за всисување за обработка на мазни рамни површини.

Адаптерот за всисување (33) може да се користи за глодање на површината на делот што се обработува.

Монтирајте го адаптерот за всисување (33) со испорачаната завртка и вклопете ја во корпата за глодање (2) така што ќе се слушне вклопувањето.

Приклучување на всисувач за прав

Прикачете го цревото за всисување (Ø 35 mm) (опрема) на монтираниот адаптер за всисување. Поврзете го цревото за всисување со всисувач за прав (опрема).

Всисувачот за прав мора да е соодветен за материјалот на парчето што се обработува.

При всисување на честички прав кои се особено опасни по здравје, канцерогени или суви, користете специјален всисувач.