Ставање во употреба

Вклучување/исклучување

За вклучување на електричниот алат притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување  (2) нанапред, така што на прекинувачот ќе се појави „I“.

За исклучување на електричниот алат притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (2) наназад, така што на прекинувачот ќе се појави „0“.

Работното светло ја подобрува видливоста на непосредното работно место. Таа се вклучува и исклучува автоматски со електричниот алат.

Напомена: Доколку електричниот алат автоматски се изгаси поради испразнети или прегреани батерии, исклучете го со прекинувачот за вклучување/исклучување (2).
Наполнете ја батеријата одн. оставете го електричниот алат да се излади, пред повторно да го вклучите. Инаку батеријата може да се оштети.

Претходно избирање на број на осцилации

Со копчето за подесување на бројот на осцилации (6) можете да го изберете потребниот број на вртежи и за време на работењето на алатот.

Неопходниот број на осцилации зависи од материјалот и работните услови и може да се одреди при практична примена.

  • За сечење дрво, се препорачува максимален степен на бројот на осцилации од „6“.
  • Максималниот степен на бројот на осцилации „4“ е соодветен за брусење.
  • За сечење на пластика и метал соодветен е максималниот степен на бројот на осцилации „4“.

Внимание: Почитувајте го максималниот број на осцилации наведен на алатите за вметнување или на нивното пакување. Работете со алати за вметнување како на пр. алати за брусење или Riff алати за вметнување со максимален степен на број на осцилации „4“.

Напомена: преголемиот број на осцилации значително го зголемува абењето на алатите за вметнување или може да доведе до нивно предвремено расипување.