Вметнување/менување на батеријата

За работа со тестерот за напон се препорачува користење на алкално-мангански батерии.

  1. Одвртете го капакот на преградата за батерии (5).
  2. Ставете ги батериите.
Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете само батерии од еден производител и со ист капацитет.
Внимавајте на точноста на половите како што е прикажано на страната на тестерот за напон.

Кога батериите се празни, ќе се огласи сингнален тон, ќе трепкаат двете LED-светилки ((7)/(8)) и тестерот за напон ќе се исклучи.