Одржување и чистење

Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете загрозување на безбедноста.

Проверка за прашина на правосмукалката мора да се врши најмалку еднаш годишно од страна на производителот или овластен сервисер (на пр. проверете ги филтрите за оштетување, правосмукалката за протекување и контролните уреди за правилно функционирање).

Дополнително, ефективноста на филтерот мора да се проверува најмалку еднаш годишно во согласност со EN 60335-2-69, 22.AA.201.2. Националните барања може да бараат и почеста контрола.
Ако не е доволна ефикасноста на филтерот, филтерот мора да се замени и контролата да се повтори.

  • Сметајте ги сите делови кои можеби дошле во контакт со опасни материи како контаминирани.
  • Темелно всисајте, избришете или запечатете ја надворешната страна на правосмукалката пред да ја отстраните од областа со опасни материи.
  • Исчистете ја, демонтирајте ја и одржувајте ја правосмукалката само ако тоа може да се направи без да се загрозите себеси или другите лица. За време на одржувањето и чистењето носете лична заштитна опрема. Извршете ја работата во добро проветрена просторија.
  • Прво исчистете ја надворешната страна на правосмукалката пред да ја демонтирате.
  • Фрлете ги сите делови од правосмукалката што не можат да се исчистат доволно, во непропустливи ќеси. Почитувајте ги важечките прописи за отстранување на таков отпад.
  • Исчистете го просторот за одржување по завршувањето на работата.

Капацитетот на всисување зависи од состојбата на филтерот. Затоа редовно чистете го филтерот.

Веднаш заменете го оштетениот набран филтер (28).

  • Олабавете ги двете безбедносни завртки (38) и притиснете ја заштитата на (19) окцето за затворање надолу.
  • Извлечете го од окцето за затворање (18) и отворете го поклопецот за филтерот (39).
  • Фатете го набраниот филтер (28) за држачите и извадете го нагоре.
  • Отстранете ја правта и нечистотијата, што испаѓа при вадење на набраниот филтер (28), со влажна крпа од рабовите на поклопецот за филтерот (39).
  • Поставете го новиот исчистен набран филтер (28) и внимавајте добро да легне.
  • Затворете го поклопецот за филтер (39) (додека не слушнете да се вклопи).
  • Повторно притиснете ја заштитата (19) на окцето за затворање нагоре и прицврстете ги безбедносните завртки (38).

Избришете го садот (1) одвреме-навреме со вообичаено неабразивно средство за чистење и оставете го да се исуши.

Повремено исчистете ги сензорите за ниво на наполнетост (40).

  • Отворете ги затворачите (13) и извадете го горниот дел на всисувачот (12).
  • Исчистете ги сензорите за ниво на наполнетост (40) со мека крпа.
  • Вметнете го горниот дел на всисувачот (12) и затворете ги затворачите (13).