Репродукција на надворешни аудио извори преку Bluetooth®

  1. Кратко притиснете го копчето , за да репродуцирате аудио извор (на пр. паметен телефон) преку Bluetooth®.
  1. Приказот  се појавува на екранот.

Алтернативно, може да го изберете аудио изворот Bluetooth® преку копчето SOURCE.

Доколку некој аудио извор е поврзан преку Bluetooth®, свети приказот  постојано.

GPB18V‑3SC: Во горниот ред на мултифункционалниот приказ (a) се појавува името на уредот поврзан преку Bluetooth®, во долниот ред содржината пренесена од уредот.

Повторно воспоставување врска:

Започнете пребарување на врска ако не е достапен зачуван аудио извор или ако постојната врска со аудио извор преку Bluetooth® е прекината и треба да се бара нов аудио извор.

  1. Притиснете го копчето  подолго од 0,5 s (PAIRING).
  2. За време на воспоставувањето врска трепка приказот .
    GPB18V‑3SC: Во мултифункционалниот приказ (a) се појавува <Pairing>.
  3. Активирајте ја новата врска преку надворешен аудио извор.

Активирањето на паметните телефони тоа обично е можно во рамките на поставките во менито Bluetooth®. Радиото се појавува како достапен извор под името GPB18V‑3Cxxxx или GPB18V‑3SCxxxx.
Следете го упатството за користење на Вашиот аудио извор/Вашиот паметен телефон.

Повторно поврзување:

Ако радиото е веќе поврзано со надворешен аудио извор (на пр. паметен телефон) преку Bluetooth® и ако овој аудио извор е достапен, тогаш автоматски се воспоставува врска со овој аудио извор. Додека се воспоставува врската, трепка приказот .
GPB18V‑3SC: Во мултифункционалниот приказ (a) се појавува <Connecting>.

Ако зачуваниот аудио извор не е достапен, пребарувањето за поврзување автоматски се започнува по 2 минути.

Доколку не може да се воспостави врска преку Bluetooth®, радиото автоматски се исклучува по 19 min.
  1. Започнете ја репродукцијата преку Bluetooth® на аудио изворот.
Ако за време на работењето преку Bluetooth® се притисне едно од копчињата за зачувување на програмата (5), тогаш радиото менува на станицата зачувана во последно користениот режим на работа на радиото.