Поставување/зачувување на FM-радиостаница

  1. Изберете преку копчето SOURCE <FM> како аудио извор.
  1. GPB18V‑3C: Во мултифункционалниот приказ (a) се појавува <FM> и фреквенцијата на радио станицата.
  2. GPB18V‑3SC: Во горниот ред на мултифункционалниот приказ (a) се појавува <FM> како и фреквенцијата и името на радио станицата, во долниот ред содржината пренесена од станицата.

Поставете одредена станица:

  1. Свртете го копчето SOURCE, додека на екранот не се прикаже саканата фреквенција.

Пребарајте ја следната станица со поголема ја јачина на сигнал:

  1. Притиснете го копчето  или копчето .
  1. Следната пронајдена станица се прикажува на екранот и се репродуцира.

Зачувајте радио станица:

  1. Притиснете го копчето за зачувување програма (5) на саканото место на зачувување додека не се појави бројот на местото на зачувување во приказот место на зачувување (d).

Репродуцирајте зачувана радио станица:

  1. Кратко притиснете на едно од копчињата за зачувување програма (5).
  1. Бројот на местото на зачувување се појавува во приказот место на зачувување (d).