Подесување на гласноста
По вклучувањето на радиото секогаш се поставува ниска гласност.
- Свртете го копчето
во правецот на стрелките на часовникот, за да ја зголемите јачината на звукот. - Свртете го копчето
во правец спротивен на стрелките на часовникот, за да ја намалите јачината на звукот.
- Подесувањето на јачината на звукот <VL> одн. <Volume> се појавува со вредноста помеѓу 0 и 16 за неколку секунди на мултифункционалниот приказ (a).
Пред подесувањето или менувањето на радиостаницата поставете ја гласноста на пониска вредност, а пред стартот на надворешен аудио извор поставете ја на средна вредност.
Гласноста може да се промени во секое време. Ако е активирано менито за поставување, приказот се враќа на менито неколку секунди по промената на јачината на звукот.
Исклучете го звукот на радиото:
- Притиснете го копчето
, за да го исклучите тонот. - За да го вклучите тонот, повторно кратко притиснете го копчето
или свртете го копчето
во правецот на стрелките од часовникот.