Полнење на надворешните уреди преку USB-приклучокот
Со помош на USB Type‑C®-приклучокот може да се наполнат повеќето уреди, чиешто напојување со енергија е возможно преку USB (на пр. различни мобилни телефони). Максималната струја за полнење изнесува 1,5 A.
- Отворете го поклопецот на преградата за приклучок (17).
- Поврзете го USB-приклучокот на надворешниот уред преку соодветен USB-кабел со USB Type‑C®-приклучок (16) на радиото.
- Надворешните уреди може да се полнат само кога радиото е вклучено и работи на батерија.
- Заради заштита од нечистотии повторно затворете го поклопецот на преградата за приклучок (17) ако го отстранувате приклучокот на USB кабелот.