Режим на работа со мрежен напојувач
- Внимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на мрежниот напојувач.
- За мрежното работење користете само еден USB Type‑C®-мрежен напојувач со Power Delivery (USB‑PD). Излезниот напон, минималната излезна струја и излезната моќност мора да ги исполнуваат барањата во поглавјето „Технички податоци“. Почитувајте го упатството за употреба на мрежниот напојувач. Радиото може да се оштети ако се користат други мрежни напојувачи. Ако моќноста на мрежниот напојувач е премала, радиото се исклучува.
- Отворете го поклопецот на преградата за приклучок (17).
- Поврзете го мрежниот напојувач со соодветен кабел со USB Type‑C®-конектор (16) на радиото.
- Приклучете го мрежниот напојувач на струјната мрежа.
- Заради заштита од нечистотии повторно затворете го поклопецот на преградата за приклучок (17), ако го отстранувате кабелот на мрежниот напојувач.
Штом радиото се приклучи на напојувањето преку мрежниот напојувач, напојувањето се снабдува преку мрежниот напојувач, дури и ако батеријата е вметната.