Работа со батерија
Bosch продава радија дури и без батерии. Од пакувањето може да дознаете дали со вашето радио е вклучена батерија.
- Користете ги само полначите коишто се наведени во техничките податоци. Само овие уреди за полнење се погодни за литиум-јонската батерија која се користи за Вашето радио.
- Литиум-јонските батерии се испорачуваат делумно наполнети поради интернационалните прописи за транспорт. За да се обезбеди целосна моќност на батеријата, целосно наполнете ја батеријата пред првата употреба.
Промена на акумулаторска батерија
- Отворете ја рачката за заклучување (13) на капакот за преградата за батерии и отворете го капакот за преградата за батерии (12).
- Притиснете на копчето за отклучување (18) и извлечете ја батеријата (19) од преградата за батерија. Притоа не употребувајте сила.
- Вметнете ја наполнетата батерија во прифатот за батерија (15), додека не се вклопи.
- Затворете го капакот за преградата за батерии (12) и заклучете го.
За употреба на особено големи батерии, капакот на преградата за батеријата може да се отстрани (12).
- За таа цел, отворете го капакот на преградата за батеријата (12).
- Притиснете ги елементите на пружината (14) на прицврстувањето едно спроти друго и извадете го капакот за батеријата.
- Повторно монтирајте го капакот на преградата за батеријата, веднаш штом ќе ја отстраните големата батерија.