Вртење на менувачот (види слика E)

Може да го свртите менувачот за 90° лево или десно во однос на рачката. Притоа, прекинувачот за вклучување/исклучување (3) за специјалните случаи на работа може да се постави во поповолна позиција за ракување, на пр. за сечење или за левораки лица.

Ставете го прекинувачот за вклучување/исклучување (3) во позиција „исклучено“.
Притиснете го копчето (8) и свртете го менувачот во саканата позиција.
Прекинувачот за вклучување/исклучување (3) може да се активира само кога менувачот е во правилна позиција.