Начини на работа
Сите 3 режими на работа се возможни во хоризонтална и вертикална положба на мерниот уред.

Ротационен режим
Ротациониот режим е особено препорачлив при употреба на ласерскиот приемник. Може да бирате меѓу различни брзини на ротација.

Линиски режим
Во овој режим на работа, варијабилниот ласерски зрак се движи во ограничен агол на отворање. Притоа, видливоста на ласерскиот зрак е зголемена во споредба со ротациониот режим. Може да бирате меѓу различни агли на отворање.

Точкест режим
Во овој режим на работа се постигнува најдобра видливост на варијабилниот ласерски зрак. Тој на пр. служи за едноставно пренесување на висини или за контрола на правите линии.
- Линискиот и точкаст режим не се наменети за употреба со ласерскиот приемник (41).
По секое вклучување, мерниот уред се наоѓа во ротационен режим со стандардна брзина на ротација.(600 min–1).
- Притиснете го копчето
на мерниот уред или на далечинскиот управувач за да се префрлите од линиски режим во ротационен режим.

- За промена на брзината на ротација, притискајте го постојано копчето
на мерниот уред или на далечинскиот управувач, додека не се појави саканата брзина на екранот.
На почетниот екран се препознава поставената брзина на приказот за брзината на ротација (a).
При работа со ласерски приемник, треба да ја изберете најголемата брзина на ротација. При работа без ласерски приемник, намалете ја брзината на ротација за подобра видливост на ласерскиот зрак и користете ласерски очила (50).
- Притиснете го копчето
на мерниот уред или на далечинскиот управувач за да се префрлите во линиски режим или точкест режим.

- За да го промените аголот на отворање, притиснете го копчето
на мерниот уред или на далечинскиот управувач додека на екранот не се појави саканиот режим на работа.
- Аголот на отворање при секое притискање се намалува по степени, додека не се постигне точкест режим.
- При 360°, мерниот уред е повторно во режим на ротација, брзината на ротација е последната поставена брзина.
- Поради инерција, ласерот осцилирајќи може да излезе преки крајните точки на ласерската линија.
Кај линискиот режим и точкаст режим, може да ја позиционирате ласерската линија одн. ласерската точка во ротационото ниво на ласерот. Можно е вртење за 360°.
- Притиснете го копчето
на мерниот уред или копчето
на далечинскиот управувач за да се ротира спротивно од стрелките на часовникот.
- Притиснете го копчето
на мерниот уред или копчето
на далечинскиот управувач за да се ротира во насока на стрелките на часовникот.
Во вертикална положба на мерниот уред, може да ги вртите ласерската точка, ласерската линија или ротационото ниво за едноставно доведување во права линија или паралелно израмнување во опсег од ±8,5 % околу X-оската.

- За да ја стартувате функцијата, притиснете го копчето
на мерниот уред или на далечинскиот управувач.
- Менито за подесување на косината на Y‑оска се појавува, ознаката на Y‑оска трепка.
- За да го вртите ротационото ниво, притиснете го копчето
или
на мерниот уред или копчето
или
на далечинскиот управувач додека не се постигне саканата положба.
За да се израмни мерниот уред во вертикална положба со референтна точка на подот, може да го свртите варијабилниот ласерски зрак надолу (8) како точка на вертикала надолу. Функцијата на точка на вертикалата може да стартува со помош на далечинскиот управувач или преку Bosch Levelling Remote App.
Варијабилниот ласерски зрак како точка на вертикала не е самонивелирачки. Осигурете се дека мерниот уред при старт на функцијата на точка на вертикалата е нивелиран.

- Притиснете го копчето
на далечинскиот управувач за да ја стартувате функцијата на точка на вертикалата надолу.
- За време на вертикалното израмнување на варијабилниот ласерски зрак на екранот се појавува ознаката за функција на точка на вертикалата.
- По успешно израмнување се појавува приказот за функцијата на точка на вертикалата (f) на почетниот екран.