Далечински управувач

Напојување со енергија на далечинскиот управувач

За работењето со далечинскиот управувач се препорачува користење на алкално-мангански батерии.

  1. Свртете го механизмот за заклучување (37) на капакот од преградата за батерии (на пр. со монета) во позиција .
  2. Отворете го капакот од преградата за батерии (39) и ставете ги батериите.
Притоа внимавајте на половите според приказот на внатрешната страна од преградата за батерии.
  1. Затворете го капакот од преградата за батерии (39) и вртете го механизмот за заклучување (37) на капакот од преградата за батерии во позиција .
Функцијата Bluetooth® останува активна, додека батериите се вметнати во далечинскиот управувач. За да спречите потрошувачка на енергија со оваа функција, можете да ги извадите батериите.

Ставање во употреба на далечинскиот управувач

Сè додека има доволно напон во батериите, далечинскиот управувач е подготвен за работа.

  1. Притиснете на некое копче на далечинскиот управувач за да го активирате далечинското управување.
  2. Статусот на оските на ротирачкиот ласер се отвора и се прикажува на приказите за статус (33) и (34) на далечинскиот управувач.

Сè додека светат приказите за статус, секој пат кога ќе притиснете копче на далечинскиот управувач, соодветната поставка на ротирачкиот ласер се менува. Светлата на приказот за пренос на сигнал (32) на далечинскиот управувач покажува дека е испратен сигнал.

За да заштедите енергија, далечинскиот управувач се деактивира по кратко време и приказите за статусот (33) и (34) повторно се гасат.

Вклучувањето/исклучувањето на мерниот уред не е можно со далечинскиот управувач.