Акумулаторски батерии/батерии
Мерниот уред може да се користи или со обични батерии или со литиум-јонски батерии од Bosch.
Не користете обични акумулаторски батерии (на пр. никел-метал хидрид).
- Користете ги само полначите коишто се наведени во техничките податоци. Само овие уреди за полнење се погодни за литиум-јонската батерија што се користи за Вашиот мерен уред.
- Литиум-јонските батерии се испорачуваат делумно наполнети поради интернационалните прописи за транспорт. За да се обезбеди целосна моќност на батеријата, целосно наполнете ја батеријата пред првата употреба.
Приказ за наполнетост на акумулаторската батерија
Ако акумулаторската батерија е отстранета од мерниот уред, зелените LED-светилки на приказот за наполнетост на акумулаторската батерија ја покажуваат состојбата на наполнетост.
Притиснете го копчето на приказот за наполнетост или
, за да се прикаже состојбата на наполнетост.
Доколку по притискањето на копчето за приказот за наполнетост не свети LED светилка, акумулаторската батерија е дефектна и мора да се замени.
- Не секој тип на батерија има приказ за наполнетост.
Тип на батерија GBA 18V...

LED-светилки | Капацитет |
---|---|
Трајно светло 3 × зелено | 60–100 % |
Трајно светло 2 × зелено | 30–60 % |
Трајно светло 1 × зелено | 5–30 % |
Трепкаво светло 1 × зелено | 0–5 % |
Тип на батерија ProCORE18V...

LED-светилки | Капацитет |
---|---|
Трајно светло 5 × зелено | 80–100 % |
Трајно светло 4 × зелено | 60–80 % |
Трајно светло 3 × зелено | 40–60 % |
Трајно светло 2 × зелено | 20–40 % |
Трајно светло 1 × зелено | 5–20 % |
Трепкаво светло 1 × зелено | 0–5 % |
Напомени за оптимално користење на батериите
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
Складирајте ја батеријата во опсег на температура од −20 °C до 50 °C. Не ја оставајте батеријата на пр. во автомобилот во лето.
Повремено чистете ги отворите за проветрување на батеријата со мека, чиста и сува четка.
Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
За работа со мерниот уред се препорачува користење на алкално-мангански батерии.
Поставете ги батериите во батерискиот адаптер (22).
- Внимавајте на точноста на половите согласно приказот на батерискиот адаптер.
- Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете само батерии од еден производител и со ист капацитет.
- Ако не го користите мерниот уред подолго време, извадете ги батериите. При подолго складирање, батериите во мерниот уред може да кородираат.
- Батерискиот адаптер е наменет исклучиво за користење во мерните алати на Bosch наменети за него.
- Лизгајте го механизмот за заклучување (2) на капакот од преградата за батерии во позиција
и отворете го капакот од преградата за батерии (1).
- Притиснете го копчето за отклучување (23) и извлечете ја батеријата (24) или батерискиот адаптер (22) од преградата за батерии. Притоа не употребувајте сила.
- Вметнете ја или наполнетата акумулаторска батерија (24) или батерискиот адаптер (22) со ставените батерии колку што може во преградата за батерии, додека не се вклопи.
- Затворете го капакот од преградата за батерии (1) и притиснете го механизмот за заклучување (2) во позиција
.
Приказ за наполнетост (e) на екранот ја покажува состојбата на наполнетост на акумулаторската батерија одн. батериите:
Приказ | Капацитет |
---|---|
60−100 % | |
30–60 % | |
5−30 % | |
0−5 % |

Ако акумулаторските батерии одн. батериите се празни, за неколку секунди се појавуваат пораката за предупредување и приказот за статус (12) трепка црвено со брзо темпо. Потоа исклучете го мерниот уред.