Батерија

Ставање/менување на батерии

За работа со ласерскиот приемник се препорачува користење на алкално-мангански батерии.

  1. Свртете го механизмот за заклучување (67) на капакот од преградата за батерии во позиција  (на пр. со монета).
  2. Отворете го капакот од преградата за батерии (66) и ставете ги батериите.
Притоа внимавајте на половите според приказот на внатрешната страна од преградата за батерии.
Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете само батерии од еден производител и со ист капацитет.
  1. Затворете го капакот од преградата за батерии (66) и вртете го механизмот за заклучување (67) на капакот од преградата за батерии во позиција .

Приказот за батерии (r) ја прикажува наполнетоста на батеријата на ласерскиот приемник:

Приказ

Капацитет

50−100 %

5−50 %

2−5 %

0−2 %

  • Ако не го користите ласерскиот приемник подолго време, извадете ги батериите. При подолго складирање, батериите во ласерскиот приемник може да кородираат.

Приказ за наполнетост на ротирачкиот ласер

Приказот за наполнетоста (j) ја прикажува наполнетоста на батеријата одн. на батериите на ротирачкиот ласер, кога ротирачкиот ласер е вклучен и постои врска преку Bluetooth® помеѓу ласерскиот приемник и ротирачкиот ласер.

Приказ

Капацитет

60−100 %

30−60 %

5−30 %

0−5 %