Одржување и чистење

Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете загрозување на безбедноста.

Отстранете ја правта и струготините со издувување со компресиран воздух или со четка по секоја работна постапка.

По потреба подмачкајте го електричниот алат на означените места (види слика S).
Овластената сервисна служба на Bosch овие работи ги извршува брзо и сигурно.

  • Средствата за подмачкување и чистење отстранете ги на еколошки прифатлив начин. Внимавајте на законските прописи.

Мерки на производителот:

  • Фин старт
  • Испорака со сечило за пила специјално развиено за намалување на бучавата

Мерки на корисникот:

  • Монтажа без многу вибрации на стабилна работна површина
  • Примена на сечила за пила со функција на намалување на бучавата
  • Редовно чистење на сечилото за пила и електричниот алат