Складирање и транспорт
Чување на елементите на уредот (види слика Q)
Електричниот алат Ви нуди можност сигурно да ги прицврстите елементите на уредот при чување.
- Сите олабавени елементи на уредот ставете ги во нивните држачи на куќиштето (види долунаведена табела).
Елемент на уредот | Чување |
---|---|
Заштитен поклопец (3) | Држач (10); затегнете со затезниот лост (40) |
Аголен граничник (1) | Држач (33) |
Адаптер за всисување (34) | види слика Q |
Прстенест клуч (23) | види слика Q |
Клуч со внатрешна шестаголна глава (9) | види слика Q |
Подвижна водечка летва (7) | закачување во држачот меѓу паралелниот граничник (27) и дополнителниот паралелен граничник (8) |
Паралелен граничник (27) | свртете; поставете одоздола во шината-водилка (26) преку парот игли (43) и прицврстете го лостот за блокирање (42) |
Носење на електричниот алат (види слика R)
Пред транспортот на електричниот алат мора да ги извршите следните чекори:
- Поставете го електричниот алат во транспортна позиција види Транспортна позиција.
- Отстранете ги деловите на опремата, кои не може цврсто да се монтираат на електричниот алат.
Ставете ги неискористените сечила за пила во затворена кутија, доколку сакате да ги транспортирате. - Турнете ја шината-водилка (26) целосно навнатре и притиснете на затезната дршка (25) за фиксирање надолу.
- Завиткајте го струјниот кабел околу држачот за кабел (32).
- За подигање или транспортирање користете ја рачката за носење (66) или жлебовите за држење (67). Не користете ги рачките за позиционирање (11).
- За транспортирање на електричниот алат, користете ги секогаш уредите за транспорт, а не заштитните уреди.