Подесување на вертикалниот и хоризонталниот агол на закосување

За да обезбедите прецизни резови мора да ги проверите основните поставки по интензивно користење на електричниот алат и евентуално да ги подесите.

Поставување на вертикален агол на закосување (сечило за пила) (види слика B)

Вертикалниот агол на закосување може да се постави во граници од –2° до 47°.
За брзо и прецизно подесување на вертикален стандарден агол 0° и 45° предвидени се фабрички поставените граничници ((17), (22)).

Напомена: Доколку целосно го олабавите лостот за блокада, сечилото за пила ќе се навали во положба од околу 30° под влијание на гравитацијата.

Вертикални агли на закосување меѓу 0° и 45°:

Вертикални агли на закосување меѓу –2° и 0°:

Вертикални агли на закосување меѓу 45° и 47°:

Граничниците ((17), (22)) автоматски се вртат назад во стандардната положба штом повторно ќе се постави вертикален агол на закосување меѓу 0° и 45° за сечилото на пилата.

Подесување на хоризонталниот агол на закосување (аголен граничник) (види слика C)

Хоризонталниот агол на закосување може да се поставува во еден опсег од 30° (на левата страна) до 30° (на десната страна).