Фиксна или флексибилна монтажа
- За да се овозможи безбедно ракување, електричниот алат мора да се монтира пред употребата на рамна и стабилна работна површина (на пр. работна клупа).
Монтажа на работна површина (види слика f)
- Зацврстете го електричниот алат со соодветни завртки на работната површина. За тоа служат отворите (12).
или
- Зацврстете ги ногарките на електричниот алат со обични столарски стеги на работната површина.
Монтажа на работна маса на Bosch (види слика g)
Работните маси на Bosch (на пр. GTA 571) се лесни за транспорт и брзо се поставуваат благодарение на нивниот преклоплив дизајн. Електричниот алат може да се монтира без алат.
- Прочитајте ги сите напомени за предупредување и упатства што се приложени на работната маса. Грешките настанати при непридржување до напомените за предупредување и упатствата може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
- Монтирајте ја правилно работната маса, пред да го монтирате електричниот алат. Беспрекорната монтажа е важна за избегнување на ризикот од расклопување.
- Монтирајте го електричниот алат во транспортна положба на работната маса.
За да го порамните електричниот алат на работната маса, користете ги рачките за позиционирање (11).