Обем на испорака

Пред првата употреба на електричниот алат, дали сите долу наведени делови се испорачани:

  • Столна тркалезна пила со монтирано сечило за пила (28) и клин за расцепување (5)
  • Аголен граничник (1)
  • Профилна шина (29)
  • Граничник за должина (31)
  • Паралелниот граничник (27) со преклопливиот дополнителен паралелен граничник (8)
  • Заштитен поклопец (3) со адаптер за всисување (4)
  • Клуч со внатрешна шестаголна глава (9)
  • Прстенест клуч (23)
  • Подвижна водечка летва (7)
  • Додаток за маса (6)
  • Адаптер за всисување (34)

Напомена: Проверете дали на електричниот алат има евентуални оштетувања.
Пред понатамошната употреба на електричниот алат, мора да ги проверите заштитните уреди и деловите што лесно може да се оштетат дали се беспрекорни и соодветни на намената. Проверете дали подвижните делови функционираат беспрекорно и не се заглавуваат и дали се оштетени деловите. Сите делови мора да се правилно монтирани и да ги исполнуваат сите услови, за да обезбедат беспрекорна работа.
Оштетените заштитни уреди и делови мора да бидат поправени или заменети од страна на овластена сервисна работилница.