Ознаки
Следните ознаки се од големо значење за користењето на вашиот електричен алат. Ве молиме запаметете ги ознаките и нивното значење. Вистинската интерпретација на ознаките Ви помага подобро и побезбедно да го користите електричниот алат.
Ознаки и нивно значење | |
---|---|
Не посегнувајте со дланките во полето на сечење, додека работи електричниот алат. Доколку дојдете во контакт со сечилото за пила постои опасност од повреда. | |
Носете маска за заштита од прав. | |
Носете заштита за слухот. Изложеноста на бучава може да влијае на губењето на слухот. | |
Носете заштитни очила. | |
Внимавајте на димензиите на сечилото за пила (дијаметар на сечилото за пила D, дијаметар на отворот d). Дијаметарот на отворот d мора точно да биде наместен на вретеното на алатот. Доколку е неопходно користење на редуцирачки делови, внимавајте димензиите на редуцирачкиот дел да одговараат на дебелината на сечилото за сечење и на дијаметарот на отворот на сечилото за пила, како и на дијаметарот на вретеното на алатот. Доколку е можно, со сечилото за пила користете ги испорачаните редуцирачки делови. Дијаметарот на сечилото за пила D мора да одговара на податоците на ознаката. Видете исто така „Димензии за соодветни сечила за пила“ во поглавјето „Технички податоци“. | |
Забележете ја дебелината на клинот за разделување RK и максималната можна висина на работното парче H. Видете и во поглавјето „Технички податоци“. | |
Кога го менувате сечилото на пилата, следете ги упатствата на клинот за разделување. Инаку постои опасност, клинот за разделување да се заглави во делот што се обработува. D Дијаметар на сечилото на пилата C Минимална ширина на сечење (отклон на запците на пилата) T Максимална дебелина на сечилото RK Дебелина на клинот за разделување ROTATION Правецот на сечење на запците (правецот на стрелката на сечилото за пила) мора да се совпаѓа со правецот на стрелката на клинот за разделување Видете и во поглавјето „Технички податоци“. | |
Лева страна: Десна страна: | |
Насока на ротација за фиксирање/отпуштање на додатокот за маса | |
Не допирајте го сечилото за пила со подвижната водечка летва. | |
Во оваа област, стегите може да се прицврстат на масата за пила. | |
Со CE-ознаката производителот потврдува дека електричниот алат е во согласност со важечките ЕU-директиви. |