Промена на алат

Запчеста глава за дупчење (GRD 18V-127) (види слика B)

Со вртење отворете ја запчестата глава за дупчење (1) додека не се отвори за да може да вметне алатот. Вметнете го алатот.

Клучот за затегнување на главата за дупчење (13) ставете го во соодветните отвори на запчестата глава за дупчење (1) и рамномерно затегнете го алатот.

Шестаголна брзозатегнувачка глава за дупчење (GRD 18V-127 HX) (види слика C)

Притиснете го алатот во прифатот на алатот на шестаголната брзозатегнувачка глава за дупчење додека не застане (2). Алатот е безбедно заклучен на своето место кога ќе слушнете кликнување.

За да го извадите алатот, повлечете го прстенот на шестаголната брзозатегнувачка глава за дупчење (2) наназад. Извадете го алатот од прифатот за алат и ослободете ја шестаголната брзозатегнувачка глава за дупчење (2).